Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Мајко силна“ на Александар Тарабунов нова песна од проектот „Македонијо, во срце те носиме“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Мајко силна“ на Александар Тарабунов нова песна од проектот „Македонијо, во срце те носиме“
ЗАБАВА

„Мајко силна“ на Александар Тарабунов нова песна од проектот „Македонијо, во срце те носиме“

Објавено August 11, 2025 10:28
Сподели
Сподели

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да го буди патриотскиот дух и љубовта кон нашата земја со нова песна која допира до срцата на сите Македонци. Овој пат, тоа е „Мајко силна“ авторската композиција на Александар Тарабунов – композиција која, како што открива Тара, тлеела одамна, но сега конечно е реализирана во рамките на овој значаен проект.

Музиката и текстот се со негов потпис, додека во аранжманот свој удел има и маестро Николче Мицевски. Ова дело, кое долго време зреело во творештвото на Тара, го оживува бесценетото чувство за припадност и гордост што ја карактеризира македонската душа. Песната ја истакнува вечната врска меѓу човекот и неговата земја, испреплетувајќи традиција и современ звук. Воедно во духот на патриотската мисија на проектот, го продолжува силното влијание на претходните изведби и ја одразува темелната љубов кон нашите корени и иднината што ја градиме заедно.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ работен под палката на Скендеровски продукција, има за цел да ѝ даде нови живописни бои на македонската традиција и да обои Македонија со најубавите звуци. Со голема почит кон корените и наследството, проектот досега го оживеа духот на неколку од највпечатливите македонски песни: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски) и „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска).

Под уметничка закрила на Скендеровски продукција, овој проект е повеќе од музика – тој е патриотска мисија, културен завет и мост меѓу генерациите. „Македонијо, во срце те носиме“ го одразува гласот на народот, инспириран од мудроста на нашите предци и посветен на иднината на нашата држава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун
Следна Статија 33 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме и химната на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Ова е најубавата жена на светот за 2024 година

Викторија Кјер Телвиг од Данска беше крунисана за Мис Универзум за 2024 година, со што стана првата Данка во историјата…

November 17, 2024
ЗАБАВА

Италијански град нуди одмор за 1 евро, рокот за пријавување е до утре

Аукцијата на куќи за 1 евро стана вообичаен начин за зголемување на населението во напуштените италијански села. Сега еден град…

March 14, 2025
ЗАБАВА

Почеток на сезоната на Вагите: Што ги очекува хороскопските знаци?

На 22 септември започнува сезоната на Вагата – време кога рамнотежата, хармонијата и односите се во прв план. Сонцето во…

September 23, 2025
ЗАБАВА

Џек Николсон дефинитивно нема повторно да го гледаме на филм

Филмската легенда Џек Николсон (88) веќе долго време избегнува јавни појавувања, а последен пат беше виден на прославата по повод…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?