Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР воведе строг дрес-код за вработени и граѓани: Без шорцеви, влечки и тренерки во Одделот за граѓански работи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР воведе строг дрес-код за вработени и граѓани: Без шорцеви, влечки и тренерки во Одделот за граѓански работи
МАКЕДОНИЈА

МВР воведе строг дрес-код за вработени и граѓани: Без шорцеви, влечки и тренерки во Одделот за граѓански работи

Објавено May 27, 2026 21:31
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи воведе нов кодекс за облекување кој ќе важи и за вработените и за граѓаните што ги користат услугите во Одделот за граѓански работи.

Од Министерство за внатрешни работи велат дека мерката е донесена со цел да се зачува професионалниот изглед на институцијата и да се обезбеди посоодветна атмосфера при користење на административните услуги.

Според новите правила, граѓаните кои доаѓаат за лични документи, пасоши или други услуги треба да бидат облечени соодветно за државна институција.

Како несоодветна облека се наведуваат премногу кратки и тесни здолништа, шорцеви за плажа или спорт, како и облека што открива делови од телото или долна облека.

Не се дозволени ниту тренерки, спортска облека, папучи, влечки, апостолки и друга неформална обувка, како и гардероба со навредливи пораки, симболи или слики.

Од МВР посочуваат дека кодексот важи и за вработените, со цел да се обезбеди унифициран и професионален изглед во сите служби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дете со изгореници префрлено во болница, откако сам се обидел да готви
Следна Статија Aвтомобилот се превртел на кров: Три девојки повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милетиќ: Македонското знаме и симболи се наши заеднички, на сите нас, без оглед на која етничка заедница припаѓаме

Македонското знаме и македонските симболи се наши заеднички, на сите нас, без оглед на која етничка заедница во Македонија припаѓаме…

December 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Mицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на центарот на Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски беа во обиколка на главниот град. -Вечерна обиколка на…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полицијата со нова „алатка“ за ловење на дрогирани возачи: Ќе ги тестира за 10 минути преку тест со плунка

Министерството за внатрешни работи наскоро ќе ја засили контролата на учесниците во сообраќајот со набавка на нова генерација брзи тестови…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет

Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината. Затоа овој јубилеј нека не биде само момент на…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?