Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата од СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата од СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“
МАКЕДОНИЈА

МВР ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата од СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“

Објавено June 8, 2025 17:30
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“.

Потенцираме дека станува збор за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството веќе повеќе од една деценија го користи за екстракција и анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, во рамки на истраги што се водат исклучиво врз основа на наредби и во согласност со законските процедури, се наведува во соопштението од МВР.

Овие алатки, како што посочуваат од МВР, не овозможуваат и не се користат за прислушкување, туку претставуваат стандардна опрема за дигитална форензика, каква што се користи и од други безбедносни институции ширум светот.

МВР во соопштението напоменува дека ист софтвер бил набавен и во 2021 година, во време кога Министерството било раководено од министер од политичката партија СДСМ, што како факт сам по себе ја нагласува противречноста на денешните обвинувања.

Набавката е спроведена транспарентно и во согласност со Законот за јавни набавки и има единствена цел да го засили капацитетот на Одделот за форензички испитувања во откривање и докажување на кривични дела, се нагласува во соопштението.

Од Министерството апелираат до сите политички чинители да се воздржат од пласирање на дезинформации кои ја поткопуваат довербата во институциите.

Очекуваме поддршка за професионалното и законито постапување на службите во интерес на јавната безбедност. Борбата против криминалот мора да биде заеднички приоритет, а не повод за политички конструкции што одговараат само на оние кои се плашат од функционални институции и владеење на правото, истакнуваат од МВР.

Опозициската СДСМ денеска обвини дека Министерството за внатрешни работи на почетокот на мај потпишало договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се роди Југ, синот на починатиот Игор
Следна Статија Од утре не очекува нестабилно време со дожд и грмежи!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, вели Љутков

Одлуката за изведувач на Универзална сала ќе биде донесена в понеделник, но ќе мора да се почека да помине рокот…

January 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Македонија ја зајакнува безбедноста, 497 нови полицајци ќе го штитат редот во државата

Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска беше одржана свечена промоција на новите полициски службеници…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сè додека сум премиер проблемите ќе се решаваат

Се трудиме во овие пет месеци да го консолидираме сето она кое што повеќе од три децении е уништувано, а…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Слободно ќе ги изразиме своите ставови, кажа историчарот Панов во пресрет на утрешната средба на македонско-бугарската комисија

Треба да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?