Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР: Забраната за управување со моторно возило повеќе не се впишува во возачката дозвола, стапува на сила по добивањето на втората порака
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР: Забраната за управување со моторно возило повеќе не се впишува во возачката дозвола, стапува на сила по добивањето на втората порака
МАКЕДОНИЈА

МВР: Забраната за управување со моторно возило повеќе не се впишува во возачката дозвола, стапува на сила по добивањето на втората порака

Објавено March 6, 2026 18:31
Сподели
Сподели

Согласно законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана, со ист рок на важност. Наместо тоа, воспоставен е дигитален систем на известување преку две текстуални пораки (SMS) и електронска пошта (e-mail), информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Процес на известување и почеток на забраната, како што велат, е во две фази, односно се добиваат две пораки, а забраната започнува од моментот на приемот на втората порака.

Граѓаните ќе ја добијат првата порака приближно седум дена по пополнувањето на изјавата со контакт податоци. Оваа порака содржи информации за видот и времетраењето на изречената забрана. Осум дена по примањето на првата порака, на граѓаните ќе им биде доставена втора порака. Забраната за управување со моторно возило официјално започнува да тече од моментот на приемот на втората порака, прецизираат од МВР.

Нагласуваат дека Министерството во следната фаза ќе овозможи извршувањето на забраната да започнува веднаш по ажурирањето на податоците.

Досега, согласно новиот начин на извршување, реализирани се над 3000 забрани за управување со моторно возило, изречени со правосилни судски пресуди. Нагласуваме дека забраната не започнува да тече од денот на пополнување на изјавата во Одделенијата за управни работи, туку исклучиво по приемот на втората текстуална порака. Ги повикуваме сите граѓани за кои има донесено правосилни пресуди со ваков вид санкција, а кон кои е испратена покана од страна на Министерството, да се упатат во надлежните организациони единици за управни работи, велат од МВР.

Целта на посетата, како што нагласуваат, е доставување и ажурирање на личните контакт податоци (број на мобилен телефон и е-маил адреса), што е неопходен предуслов за правилно и навремено извршување на санкцијата и избегнување дополнителни недоразбирања.

Дополнително, ги известуваме и сите граѓани кои имаат за цел да избегнат извршување на забраната, а за кои Министерството веќе располага со контакт податоци, дека санкцијата ќе биде реализирана, а тие ќе бидат известени преку СМС порака и електронска пошта. Покрај извршувањето на забраните изречени со правосилни судски пресуди, паралелно и целосно автоматизирано се спроведува и извршувањето на забраните констатирани преку системот Безбеден град. Известувањето се врши на ист начин – преку СМС порака и електронска пошта – за сторени прекршоци за кои според закон е предвидена ваква санкција и за кои граѓаните ја прифатиле одговорноста и ја платиле предвидената глоба. Со воведувањето на овие измени, процесот станува побрз, поефикасен и значително се намалуваат административните процедури за граѓаните, порачуваат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Уставни измени нема да има, додека сум јас претседател на Владата

Уставни измени нема да има, додека сум јас претседател на Владата, изјави од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски. Тој одговараше…

January 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Поплавени над 50 куќи на подрачјето на Ресен

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор…

November 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радев се заблагодари на Сиљановска-Давкова: Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите

Република Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот…

October 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска испраќање пациенти во Италија, Холандија и Белгија, лекарски тимови од Чешка и Израел во земјава

Бројката на хоспитализирани лица кои изгореа во пожарот во дискотеката во Кочани надминува 160 - 170 заедно со 16-те примени…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?