Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР: На улицата „Кумбара“ физички била нападната градоначалничката Арсовска, а повеќе лица ѝ упатувале вербални закани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР: На улицата „Кумбара“ физички била нападната градоначалничката Арсовска, а повеќе лица ѝ упатувале вербални закани
ХРОНИКА

МВР: На улицата „Кумбара“ физички била нападната градоначалничката Арсовска, а повеќе лица ѝ упатувале вербални закани

Објавено July 11, 2025 17:02
Сподели
Сподели

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска која заедно со вработени во Град Скопје денеска на пладне беа на увид на дивоградба во Чаир, биле физички нападнати и завршија во Ургентниот центар „8-ми Септември“. Градоначалничката побарала лекарска помош по инцидентот на улица „Кумбара“, случајот го пријавил сведок.

Од МВР потврдија дека скопската градоначалничка била нападната додека извршувала службени обврски на територија на Општина Чаир, а дека инцидентот го пријавило лицето со иницијали А.Ј., а не самата Арсовска.

– На 11.07.2025 во 12:15 часот, во СВР Скопје од страна на А.Ј. е пријавено дека при извршување работни задачи на улицата „Кумбара“ физички била нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот, по што се упатила во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош – информираа од полицијата.

Не се познати причините зошто Арсовска била нападната, но инцидентот следува откако изминативе недели градоначалничката јавно говореше дека добива закани поради најавите за кривични пријави против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Пред да се случи инцидентот во Чаир, Арсовска преку нејзиниот Фејсбук профил обвини дека Министерството за внатрешни работи одбило да ги прими пријавите за физички напад врз советничката во Град Скопје, Ирена Витина што се случи пред три дена. Во објавата, Арсовска вели дека нападот бил од полициски службеник кој, како што тврди таа, бил фател при „незаконско приклучување на водоводната мрежа“ на ЈП „Водовод и канализација“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани
Следна Статија Што треба да правите ако грчката полиција ви ги oдземе табличките?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Закани по живот за него и неговото семејство добил заменик директорот на Национални шуми

Заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов добил закани по живот. Освен за него заканите биле упатени и кон неговото…

March 1, 2025
ХРОНИКА

Почина тримесечно бебе во Шутка

На 22.01.2025 во 09:10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на…

January 23, 2025
ХРОНИКА

Жител на Богданци под истрага за свирепо убиство на сопствената мајка

Основното јавно обвинителство – Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци, осомничено дека на 11 јануари…

January 13, 2026
ХРОНИКА

Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари

- На 22.10.2024 во 15 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.10.2024 до…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?