Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството
МАКЕДОНИЈА

МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството

Објавено May 12, 2025 17:01
Сподели
Сподели

Од Министерството за внатрешни работи велат дека го почитуваат и поддржуваат уставно загарантираното право на протест, по денешното протестирање на Независниот синдикат на полицијата во Скопје.

  • Секој има право да протестира. Од јавно достапните информации, може да се заклучи дека незадоволство што e изразено преку овој протест, не е насочено кон МВР, туку кон постапувањето на одредени судови во процесите каде полициските службеници ги остваруваат некои свои права, истакнуваат оттаму.

Од МВР додаваат дека постојано работат на унапредување на стандардот на полициските службеници, унапредување на работните услови и враќање на достоинството на полициската професија.

  • Постојано сме во разговори со сите полициски синдикати и заедно се предлагаат и прифаќаат решенија за унапредување на статусот и условите на полициските службеници. Такви идеи и предлози веќе сме имплементирале во Колективниот договор меѓу МВР и Синдикатот и полициските службеници ги користат имплементираните придобивки и подобрувања, нагласуваат од Министерството.

Дијалогот со сите синдикати ќе продолжи и заедно ќе изнаоѓаме решенија, истакнуваат од МВР, што ќе бидат во насока на подобрување на статусот на сите полициски службеници.

Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест во Скопје на кој беше побарано да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку колку минималната плата. Се бара и воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протест на Независниот синдикат на полицијата
Следна Статија Кошта: Албанија и Црна Гора се понапредни, би можеле да се приклучат кон ЕУ пред другите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јован Деспотовски остана без пасош

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски остана без пасош. Според полициски извори на Алфа ТВ, оформен е предмет против Деспотовски…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Љупчо Коцевски руководеќи кадар а ла Шојиќ!

„Појаснувам дека не се работи за назначување вршител на должноста виш јавен обвинител, туку за определување на времен раководител на…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гужва на Блаце – пренасочен товарниот сообраќај

Денеска во 15.10 часот кај бензиска пумпа Дизел Петрол товарниот сообраќај е пренасочен према ГП Блаце поради гужва на преминот,…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?