Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР: Уапсени 11 лица, поднесени кривични пријави против Капушевски, Јахоски и Сулкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР: Уапсени 11 лица, поднесени кривични пријави против Капушевски, Јахоски и Сулкоски
ХРОНИКА

МВР: Уапсени 11 лица, поднесени кривични пријави против Капушевски, Јахоски и Сулкоски

Објавено March 11, 2025 13:32
Сподели
Сподели

МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службена положба и перење пари и други приноси од казниво дело против 12 физички и едно правно лице. Едно лице е во бегство, а едно е веќе в притвор, според официјалните информации. Меѓу оние кои се гонат се газдата на РКМ, Ратко Капушевски и неговиот бизнис-партнер Ерџан Сулкоски, а исто во евиденцијата е и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски. Иницијалите се поклопуваат со имињата на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, и комерцијален директор на ЕСМ,Адријан Муча.

„На 10.03.2025 спроведена е полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.

Во рамки на акцијата лишени од слобода се 11 лица, едно лице е недостапно за органите на прогонот и едно е со мерка притвор. До сега, од извршените претреси пронајдени и одземени се документација, пет мобилни телефонски апарати, околу 1500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила“, соопштено е од истрагата.

13-те физички и едното правно лице се: В.К. (55) од Битола, А.М. (44) од Скопје, Н.С. (61) од Општина Маврово и Ростуше, Е.П. (52) од Скопје, М.Н. (60) од Скопје, Б.М. (51) од Скопје, Р.Р. (48) од општина Желино, Д.С.Ј. (43) од Куманово, Д.С. (66) од Скопје, Д.С. (43) од Велес, Р.К. (38) од Скопје, Е.С. (43) од Кичево и А.Ј. (40) од с.Пласница и правно лице од Скопје.

МВР по насоки на надлежниот јавен обвинител ќе продолжи со преземање на понатамошни полициски активности и дејствија со цел обезбедување на други докази поврзани и со други кривични дела“, додаваат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Српска пејачка: Како да бидам со дечко кој заработува само 1.500 евра?
Следна Статија Огромен проект: Манчестер Јунајтед ќе гради ултра модерен и најголем стадион во Англија!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Безброј пропусти кои доведоа до пожарот во кој загинаа 59 лица: Осомничен е и член на „ДНК“ за пиротехниката

Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека досега се осомничени 34 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Девојче тешко повредено во сообраќајка во Маџари – возачот побегнал

Тешка сообраќајна несреќа се случила денес попладне во скопската населба Маџари, кога возач со автомобил удрил 11-годишно девојче кое преминувало…

October 29, 2025
ХРОНИКА

Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на…

March 19, 2025
ХРОНИКА

Двегодишно дете затруено со таблета во Куманово

Уште едно дете е затруено во Куманово, потврдија од СВР Куманово. Станува збор за двегодишно дете од липковското село Отља…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?