Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меган Маркл продолжува да ја гради својата деловна империја: Нејзината цел е да стане милијардерка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Меган Маркл продолжува да ја гради својата деловна империја: Нејзината цел е да стане милијардерка
ЗАБАВА

Меган Маркл продолжува да ја гради својата деловна империја: Нејзината цел е да стане милијардерка

Објавено March 30, 2025 11:14
Сподели
Сподели

Меган Маркл, поранешна членка на британското кралско семејство, забрзано ја гради својата деловна империја со цел да стане милијардерка.

Според извори блиски до кралските кругови, Меган го напуштила кралскиот живот откако сфатила дека нејзините финансиски амбиции ќе бидат ограничени со протокол и хиерархија во монархијата.

„Таа сака да биде милијардерка, сака приватен авион, сака да живее одреден живот. Претпоставката е дека ако се омажиш за англиски принц, ќе имаш приватен авион и начинот на живот што го посакуваш, но кога сфатила дека Вилијам и Кејт на крајот ќе бидат одговорни за тоа колку ќе добијат во однос на џепарлакот, таа станала свесна дека мора да излезат од тоа“.

Меган и Хари ги напуштија своите кралски должности во 2020 година и се преселија во САД, започнувајќи серија деловни проекти. Меѓу најзабележителните е договорот со Нетфликс, кој беше потпишан во 2021 година, а откако нивниот договор со „Спотифај“ беше раскинат во 2023 година, Меган неодамна објави нов подкаст на платформата „Лемонада медиа“.

Нејзината нова емисија почнува да се емитува на 8 април, а таа ќе разговара со успешни жени претприемачи за претворање на „малите идеи во бизниси од милијарди долари“, тема што ги одразува нејзините амбиции.

Кога се омажила за принцот Хари, нивните финансии биле под контрола на тогашниот принц Чарлс преку Војводството Корнвол, кој обезбедувал околу пет милиони фунти годишно за неговите синови. Меѓутоа, кога Чарлс стана крал во 2022 година, контролата на овие средства премина на принцот Вилијам, дополнително мотивирајќи ги Меган и Хари да бараат финансиска независност.

Една од клучните причини за нивното заминување од кралското семејство беше одбивањето на монархијата да прифати комерцијални спонзорства што парот можеше да ги постигне благодарение на нивниот статус. Меган неодамна ги прошири своите деловни активности со лансирање на продавница која продава облека и додатоци на Инстаграм, кои таа лично ги избра. На оваа платформа позната како „ShopMy“, Меган заработува провизија за секоја продадена ставка.

Според условите на нејзиниот договор со Бакингемската палата, Меган може да продава производи се додека не ги искористува своите кралски врски. Сепак, многумина забележаа дека новата продавница е лансирана користејќи го името – Меган, војвотката од Сасекс.

Дополнителна загриженост во кралските кругови предизвика нејзината сè поголема употреба на фотографии од нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, за промовирање деловни активности. Меган продолжува да ја гради својата деловна империја, а експертите предвидуваат дека би можела да постигне значителен финансиски успех.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не престанува да тресе: Земјотрес од 5,1 степен според Рихтер го погоди Мјанмар
Следна Статија Експерти од ФСБ ќе утврдуваат дали на протестите во Белград бил употребен звучен топ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ова се најсреќните датуми во август за секој хороскопски знак

вгуст носи бран на изненадувања, шанси и енергија која може да ве насочи на вистинскиот пат – особено на одредени…

August 2, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Се породи ќерката на Бил Гејтс, доби девојче со Египќанецот Насар

Ќерката на Бил Гејтс, Џенифер Гејтс, откри дека го родила своето второ дете. 28-годишната ќерка на милијардерите Бил Гејтс, Мелинда…

November 3, 2024
ЗАБАВА

Пет работи кои според фенг шуи носат лоша среќа ако ги имате во куќата

1. Огледало во спалната соба Според фенг шуи, не само скршените огледала носат лоша среќа. Дури и совршено неоштетените огледала…

March 16, 2026
ЗАБАВА

Кинески хороскоп за јуни: Еден знак е пред убав пресврт и добивка

Кинескиот хороскоп за јуни 2026 година носи период на забрзани случувања, потреба од приспособување и фокус на практични одлуки. Кај…

June 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?