Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МЕПСО: Преносниот систем е стабилен, досега нема потреба од активирање на привремените мерки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > МЕПСО: Преносниот систем е стабилен, досега нема потреба од активирање на привремените мерки
ЕКОНОМИЈА

МЕПСО: Преносниот систем е стабилен, досега нема потреба од активирање на привремените мерки

Објавено May 1, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Засега не постојат никакви ризици по стабилноста на преносната мрежа во државата. Електроенергетскиот систем е стабилен, сигурен и под 24-часовен мониторинг на регионалните текови на електрична енергија, од страна на Националниот диспечерски центар при АД МЕПСО. Сите параметри на преносната мрежа се во рамки на нормалата и до овој момент немаше потреба од активирање на мерките кои ги одобри Регулаторната комисија за енергетика, соопшти  АД МЕПСО.

Според вчерашната Одлука на РКЕ, АД МЕПСО како оператор на електропреносниот систем може во периодот од 1 мај до 31 октомври да преземе привремени и строго контролирани мерки само доколку постои реална опасност по стабилноста на системот.

Тоа вклучува можност за исклучување на производители на електрична енергија приклучени на преносната или дистрибутивната мрежа. На исклучените производители нема да им се пресметуваат отстапувањата, а повластените производители нема да бидат засегнати од ваквите мерки.

-Овие времени мерки се стандардни, превентивни мерки усогласени со ENTSO-E ( Европска мрежа на оператори на преносните системи на електрична енергија) и се применуваат во исклучителни ситуации, кога производството на електрична енергија од фотоволтаици е поголемо од потрошувачката, поради неопходноста од одржување на фреквенцијата на ЕЕС и  регулирање на евентуалниот дебаланс. Целта е јасна, одржување сигурен, стабилен и доверлив енергетски систем во кој обновливите извори на енергија се управуваат одговорно и безбедно, соопшти АД МЕПСО.

Посочува дека останува посветен на безбедноста и сигурноста на електроенергетскиот систем, во интерес на сите потрошувачи и учесници на пазарот на електрична енергија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведени повеќе од 400 луѓе за време на демонстрациите за Први мај (ВИДЕО)
Следна Статија Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

КЗК со апел: Трговците мора да ги прекинат нефер практиките

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) денеска упати повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат…

April 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

 Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот…

July 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија нуди услови за отворање на добро платени работни места

Туризмот, инфраструктурата, образованието се секторите на кој се фокусираме на соработка со Обединетите Арапски Емирати. Имаме бројни средби во овие…

April 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: За само една година пуштивме 101 километар патишта вредни 200 милиони евра

Државните патишта се многу важен фактор за функционирање и за развој на државата, воедно, тие се многу важни и за…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?