За снимката со врзаното дете во струмичко Ново Село, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против таткото на девојчето за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик.
„Детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство. За осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување кај службено лице и забрана за приближување до девојчето“, велат од ОЈО.
Инаку, видеото се појави вчера. Се гледа дека детето е врзано, дека плаче и признава дека крадело.