Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување директор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување директор
ХРОНИКА

Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување директор

Објавено October 13, 2025 14:03
Сподели
Сподели

Две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2.500 евра за „Браќа Миладиновци“ во Струга доби струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Условна казна од две години доби и првообвинетата Егзона Шеи, која ја извршувала функцијата в.д. директор во училиштето со фалсификувани исправи.

Судечкиот судија Јордан Јованов кажа дека доколку го повторат делото во рок од две години, ќе следува една година ефективна затворска казна. Обвинетата Шеи, според него, која засновала работен однос во училиштето како апсолвент, како приправник работела четири години и од условот за поставување директор со пет години стаж, таа четири години била приправник.

– Кај исправите постојат елементи на кривичното дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Тоа подразбира дека изјавата не е лажна, но она што е напишано во неа не е точно. Егзона која засновала работен однос како апсолвент како приправник работела четири години. Истиот месец кога дипломирала била избрана за в.д. директор, а стручен испит за наставник полагала кога го почнала третиот и последен мандат како в.д. директор, истакна судијата Јованов.

Тој појасни, дека таа се товареше дека фалисфикувала три исправи, едната е уверението за приправнички стаж во кое се тврди дека го има завршено приправничкиот испит, втората е потврдата за работно искуство со која се тврди дека има пет години работела како наставник за да може да исполни услови како директор и третата исправа е мислењето на Наставничкиот совет во кое се тврди дека ги совладала предвидените компетенции.

– Со оглед на тоа дека делата се сторени со поврзани дејствија под исти околности, одлучив на сите да им биде изречена иста санкција. Овој пат со оглед на олеснителните околности, ќе биде условна осуда, така што им се утврдува казна во траење од една година, која што нема да се изврши доколку во рок од две години по правосилноста не сторат ново кривично дело – рече Јорданов.

Незадоволни од пресудата изразија и јавниот обвинител Џемал Лога и одбраната на Мерко, Игор Петкоски, кои најавија жалба по приемот на пресудата.

– Не очекував парично, но со оглед дека за првиот предмет беше осуден условно, за вториот требаше ефективна затворска казна – изјави обвинителот Лога.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко доби ослободителна пресуда за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра и парична казна од 10.000 евра за незаконско поставување директори во неколку основни училишта.

Против него во Судот во Струга се води постапка за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на Општинската зграда, а идниот месец треба да почне судскиот процес за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим.

Тој е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа
Следна Статија Д-р Јован Божиновски нов директор на Клиниката за неврологија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Двајца македонски државјани повредени во сообраќајка во Албанија, со мотор удриле во заштитен ѕид

Двајца македонски државјани, кои со мотоцикл се движеле по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, се здобиле со тешки телесни…

June 14, 2025
ХРОНИКА

Пожар во автосервис, опожарени четири патнички возила

На 05.01.2025 во 22:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Љубин, општина Сарај, настанал пожар во објект, сопственост…

January 6, 2025
ХРОНИКА

Несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на магистралниот пат А-2 од Куманово кон Крива Паланка кај клучка Алфи од 16:00 часот е во прекин за…

August 30, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава за бизнисмен од Струмица, затаил данок од 1,7 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата…

May 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?