Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, доби ослободителна пресуда за јавната набавка на луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67 илјади евра.
Според судот, Мерко немал намера да стори кривично дело во врска со јавната набавка на автомобили. Според адвокатот на Мерко, Игор Петковски, судот не успеал да докаже дека Мерко прекршил каков било закон кога купувал автомобили за потребите на општината во вредност од 114 илјади евра.
Струшкиот градоначалник го доби ова обвинение откако се најде на американската црна листа. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го гонеше Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување.