Меркур во Стрелец носи проширување на мислата, оптимизам и потреба да се зборува отворено, искрено и со визија.
Умот станува брз, но исто така склонен кон претерување, додека зборовите ја носат моќта на убедување и инспирација. Оваа поставеност на Меркур ги комбинира логиката и филозофијата – не се задоволува со факти, туку бара смисла, вистина и подлабоко разбирање на животот. Луѓето со овој аспект сакаат да учат преку искуство, патувања и средби со различни култури.
Комуникацијата под влијание на Меркур во Стрелец може да биде директна, понекогаш дури и премногу искрена, бидејќи овој знак не знае како да „извртува“. Меркур во Стрелец од 29 октомври ќе им биде најпријатен на Лавовите, Стрелците и Овните.
Сепак, неговите зборови честопати ги инспирираат другите и ги охрабруваат да размислуваат. Меркур во Стрелец ги проширува хоризонтите, носи нови идеи, желба за знаење и верување дека зборовите можат да го променат светот.