Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мерц ја поддржува забраната на социјални мрежи за деца под 14 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Мерц ја поддржува забраната на социјални мрежи за деца под 14 години
СВЕТ

Мерц ја поддржува забраната на социјални мрежи за деца под 14 години

Објавено February 18, 2026 19:55
Сподели
Сподели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поддржа иницијативата за забрана на социјални мрежи за деца помлади од 14 години, предлог што го изнесе неговиот коалициски партнер, Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Во политички подкаст, Мерц изјави дека не треба да изненадува доколку децата покажуваат заостанување во личниот развој и социјализацијата, доколку значителен дел од денот го поминуваат пред екрани.

„Во ситуација во која 14-годишни деца по пет часа дневно поминуваат со мобилен телефон и кога целата социјализација се одвива преку социјалните мрежи, не смееме да се чудиме ако истите тие деца покажуваат заостанување во развојот“, рече Мерц.

Тој додаде дека генерално не е приврзаник на забрани, но дека има „разбирање“ за иницијативата на СПД, која во изминатите денови предложи построго регулирање на користењето на социјалните мрежи кај младите, вклучително и целосна забрана за деца под 14 години.

Според Мерц, приоритет треба да биде заштитата на децата во период кога, како што рече, треба да имаат време за игра, учење и концентрација на училиштето.

Прашањето ќе биде разгледано и на редовната партиска конвенција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Штутгарт. Покраинскиот огранок на ЦДУ во Шлезвиг-Холштајн веќе предложи измена на законската регулатива што би овозможила забрана на социјалните мрежи за деца под 14 години и строга контрола на пристапот за малолетници под 16 години.

Предлогот доаѓа во контекст на пошироки европски дебати за влијанието на дигиталните платформи врз менталното здравје и развојот на младите.

Останува да се види дали иницијативата ќе добие поширока политичка поддршка и ќе биде преточена во конкретен законски предлог во германскиот парламент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие намирници ги зајакнуваат коските подобро од млекото
Следна Статија В сабота САД го напаѓаат Иран?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трагедија во кралското семејство на Луксембург: На 22 години почина принцот Фредерик

Принцот Фредерик од Насау, член на кралското семејство на Луксембург, почина на 22-годишна возраст, објави Дејли мејл. Тој се борел…

March 9, 2025
СВЕТ

Прв говор на новиот папа: Да си помагаме едни на други, да градиме мостови

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав XIV, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и пред…

May 8, 2025
СВЕТ

Норвешки град има еден од најголемите подземни системи за отпад во светот (ВИДЕО)

Норвешкиот град Берген има еден од најголемите подземни системи за комунален отпад во светот. Една од причините зошто беше воспоставен…

July 27, 2025
СВЕТ

Иранската нафта ги турна надолу цените на светските берзи

Цените на суровата нафта на светските пазари забележаа значителен пад откако се појавија информации дека иранската нафта наскоро би можела…

June 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?