Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меси за две ипол години во Мајами заработил 150 милиони долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Меси за две ипол години во Мајами заработил 150 милиони долари
СПОРТ

Меси за две ипол години во Мајами заработил 150 милиони долари

Објавено September 20, 2025 08:56
Сподели
Сподели

Лионел Меси (38) ќе го заврши својот договор со Интер Мајами на крајот од оваа година, потпишан во летото 2023 година. „Мајами Хералд“ пишува дека сега „по долги преговори, кои се влечеа во последните неколку месеци, Интер Мајами и аргентинската легенда се согласија за условите на нов, повеќегодишен договор“ и додава: „Тоа ќе биде последниот договор во кариерата на Меси, а објавата се очекува за десет дена“.

Мајами Хералд“, наведува дека платата на Меси по сезона е 20,45 милиони долари, но дека вкупната вредност на неговиот тековен договор е од 130 до 150 милиони долари.

„Тоа вклучува и удел во клубот откако ќе ја заврши кариерата“, додава „Мајами Хералд“ и објаснува дека ангажманот на Аргентинецот во клупската каса слеал многу пари.

„Пред доаѓањето на Меси, Интер Мајами имаше годишен приход помеѓу 50 и 60 милиони долари. Откако дојде Меси, веќе по само половина од неговата прва година во клубот,приходите беа помеѓу 120 и 130 милиони долари. За оваа година, проекцијата е дека приход ќе биде околу 300 милиони долари.

Цените на билетите за домашните и гостинските натпревари на Мајами, спонзорските договори и продажбата на дресови и сувенири, сето тоа доживеа невиден раст откако Меси дојде во Америка.“ Меси постигна 62 гола и забележа 30 асистенции во 75 настапи за Мајами.

Слична проекција има и „ESPN“. Овој медиум наведува дека Меси има годишна плата од 20,45 милиони долари, но дека ова е само дел од неговата вкупна заработка, која медиумот ја проценува на 150 милиони долари за две и пол години.

„Голем дел од оваа сума покрива „Apple“ бидејќи гигантот што ги има телевизиските права за натпреварите од МЛС според договорот со Меси му плаќа дел од заработката“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Може да биде голем проблем“, рече Трамп за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија
Следна Статија Клековски ги повика граѓаните да пријавуваат злоупотреби: Лажни рецепти и боледувања ја празнат касата на ФЗО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Јокиќ промашуваше, но Денвер стигна до нова победа (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра еден од своите најлоши натпревари оваа сезона, бидејќи направи голем број грешки и промаши шутеви. Тој речиси…

May 10, 2025
СПОРТ

Од Северна во Македонска, тимот на Главчев го враќа името на кошаркарската федерација

Тимот на новиот претседател на националната кошаркарската федерација Томе Главчев го враќа името кое го смени предходниот претседател Перо Антиќ…

June 20, 2025
СПОРТ

„Ги навредуваше Србите и мене“: Ѓоковиќ објасни зошто не дал интервју на теренот по победата над Лехечка (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по победата над Јиржи Лехечка (3:0) во четвртото коло на Австралија опен, не даде интервју на…

January 19, 2025
СПОРТ

Бостон и Голден Стејт пред елиминација од плејофот (ВИДЕО)

Бостон и Голден Стејт се пред елиминација во полуфиналињата од плејофот во Источната и Западната конференција во НБА. Њујорк со…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?