Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меси не е сигурен дека ќе игра на Мундијалот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Меси не е сигурен дека ќе игра на Мундијалот
СПОРТ

Меси не е сигурен дека ќе игра на Мундијалот

Објавено October 29, 2025 09:25
Сподели
Сподели

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изрази желба да игра на Светското првенство следната година, но само под еден услов.

Поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен продолжува да се истакнува во МЛС лигата, каде што постигна вкупно 31 гол и асистираше за уште 20 за Интер Мајами оваа сезона.

Јасно е дека 38-годишникот нема намера да запре, иако преселбата во САД и неговите години сугерираат дека крајот е близу.

Затоа, дури и Меси не се двоуми во своите изјави и ветувања дека дефинитивно ќе го видиме на Светското првенство следната година. Како услов, тој ја нагласи сопствената подготвеност да им помогне на „гаучосите“ во одбраната на титулата.

„Посебно искуство е настап на СП. Би сакал да играм следната година ако сум подготвен и ако ќе можам да играм улога што би ѝ помогнала на репрезентацијата. Кога ќе започне предсезоната со Интер од Мајами следната година, тогаш ќе можам да проценам дали можам да бидам стопроцентно подготвен на Светското првенство и дали ќе и бидам од корист за репрезентацијата“, рече Меси во интервју за „Ен-Би-Си Њуз“.

Лесно е да се заклучи од неговите зборови дека желбата дефинитивно постои.

„Многу би сакал да играм на Светското првенство и да можам да ја одбранам титулата што ја освоивме во Катар во 2022 година. Играњето за репрезентацијата е сон што стана реалност. Имав среќа да постигнам сè индивидуално и тимски со Барселона, но вистината е дека пропуштив голем резултат со репрезентацијата во мојата кариера. Освојувањето на светската титула со Аргентина беше мојот животен сон. На крајот на краиштата, ако прашате кој било фудбалер каков му е сонот, тој ќе ви каже, титулата светски шампион“, заклучи Меси

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Комбе излета од автопат во Србија: едно дете загина, седум се повредени
Следна Статија Кривична против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ФК Вардар потпиша со Давид Бабунски

Фудбалскиот клуб Вардар го засили својот состав со ново име кое ќе биде огромно засилување – Давид Бабунски е официјално…

September 2, 2025
СПОРТ

(Видео) Баерн во 94.минута се спаси против Селтик, Феенорд го елиминира Милан

Клуб Бриж, Баерн Минхен, Феенорд и Бенфика се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Феенорд успеаја да…

February 19, 2025
СПОРТ

Клубот на Македонците во Австралија го елиминира актуелниот освојувач на Купот

Престон Лајонс, клубот кој со децении го носи македонското име во Австралија, испиша нова страница во својата богата историја и…

July 23, 2026
СПОРТ

Лозана го елиминираше Вардар од Конференциската Лига

ФК Вардар го заврши своето кратко европско лето со убедлив пораз на гостински терен од Лозана, Швајцарија – со резултат…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?