Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Места во Грција каде најчесто обиваат автомобили и како да знаете дали вашето возило е „означено за кражба“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Места во Грција каде најчесто обиваат автомобили и како да знаете дали вашето возило е „означено за кражба“
ЗАБАВА

Места во Грција каде најчесто обиваат автомобили и како да знаете дали вашето возило е „означено за кражба“

Објавено June 21, 2025 12:03
Сподели
Сподели

Српската агенција „Никана“ ги споделува местата во Грција каде што најчесто автомобилите со странски таблици се мета на крадци, како и совети што може колку-толку да направите за да спречите обивање на вашиот автомобил.

Contents
  • Мерки за заштита од кражба од автомобили на паркингот на големите супермаркети
  • Како да знаете дали вашиот автомобил е „означен за кражба“
  • Она што можете да го направите е:

Обично, местата каде најчесто се случуваат кражбите се маркетите и продавниците маллку надвор од Солун, на пат кон Халкидики. Иако овие паркинзи најчесто се оградени и обележани, не е можно да се контролираат толкав број автомобили. Целта на разбојниците се оние автомобили што се надвор од големиот проток на луѓе, каде што куферите и работите се „на дофат“, односно видливи и лесно достапни. Тие обично само го кршат стаклото и извлекуваат сè што можат да дофатат што е можно побрзо (куфери, ранци, даски за сурфање…) – пишува „Никана“.

Мерки за заштита од кражба од автомобили на паркингот на големите супермаркети

За да не доживеете непријатна ситуација, постојат неколку совети што ќе помогнат да се спречат потенцијални провали и кражби на и од автомобили во Грција:

  • Доколку е можно, дозволете еден од возрасните (никогаш деца) да остане во автомобилот за време на пазарувањето;
  • Вредни предмети, куфери, чанти, ранци, лаптопи, таблети, не треба да се оставаат видливи на седиштата. Ако е видливо и „на изволте“, крадците ќе претпочитаат да провалат баш кај вас бидејќи тоа е лесна цел за нив. Советот е доколку немате место да ги оставите во багажникот, или да ги да ги покриете овие работи со алишта, или да ги ставите на подот од автомобилот и повторно да ги покриете со гардероба;
  • Дури и очилата не треба да се оставаат зад себе. Кражбата на очила за сонце од познати марки е многу честа појава, а крадците не знаат дали се скапи или не;
  • Проверете дали вашиот аларм работи, односно дали е активиран;
  • Интересен совет од грчките портали е дека мерка за заштита може да биде и бебешки аларм што треба да се остави вклучен и активиран. На тој начин, можете да слушнете ако крадците ви го скршат стаклото. Така може веднаш да почнете да им викате на крадците, што можеби ќе ги испаничи и ќе се откажат од кражбата и ќе поминете само со скршено стакло.

Како да знаете дали вашиот автомобил е „означен за кражба“

Пред бандата да се обиде да го украде автомобилот, нејзините членови веќе спровеле детална истрага, објаснува сајтот.

Крадењето автомобили и работи од нив понекогаш не е осамен чин, туку дело на организирана група крадци. Едниот е задолжен за изборот. Како случаен минувач, тој внимателно ги „мери“ автомобилите и ја означува потенцијалната цел за да можат останатите од тимот да го направат својот дел.

Ако забележите некои од следниве предмети на вашиот автомобил, тоа може да биде знак дека вашиот автомобил е означен како „добар плен“:

  • хартија на рачката на вашиот автомобил
  • шише вода покрај тркалото
  • паричка на рачката или хаубата
  • или нешто што е невообичаено, а не сте го оставиле врз автомобилот

Според грчките портали, ако забележиме ваков знак на автомобилот, треба веднаш да го пријавиме во полиција.

Она што можете да го направите е:

  • да го оставите вашиот автомобил на чуван паркинг;
  • ако има место да паркирате во дворот на сместувачкиот капацитет;
  • ако имате камера, оставете ја вклучена;
  • проверете дали вашиот аларм, ако имате, е активиран;
  • И на крај, најважно е да не оставате ништо вредно во автомобилот!
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин предупреди: Трета светска војна ни е пред нос
Следна Статија До крајот на јуни два знака добро ќе се опарат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Извршители ќе му го запленат имотот на Жељко Бебек, ако не плати долг во Загреб

Пејачот Жељко Бебек, како што е наведено, наводно на загрепското градско гасно претпријатие извесно време му должи сума од 150…

December 15, 2024
ЗАБАВА

Нема да има веќе „Пријатели“

Актерката Лиса Кудроу ја отфрли можноста за ново обединување на актерската екипа од популарната серија „Пријатели“,истакнувајќи дека во моментов нема…

March 24, 2026
ЗАБАВА

Принцот Вилијам и Кејт не се појавија на традиционалниот предбожиќен ручек на кралот Чарлс

Годинава принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не присуствуваа на традиционалниот предбожиќен ручек на британскиот крал Чарлс III во палатата Бакингем,…

December 22, 2024
ЗАБАВА

ШОКАНТЕН ПРЕСВРТ: Пи Диди поврзан со убиството на Тупак?!

Американскиот музички магнат Шон Диди Комбс (Шон Диди Комбс, 54) моментално се соочува со обвиненија за трговија со луѓе и…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?