Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити: На Вреди ќе му се приклучат четворица пратеници од Европскиот фронт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Меџити: На Вреди ќе му се приклучат четворица пратеници од Европскиот фронт
ПОЛИТИКА

Меџити: На Вреди ќе му се приклучат четворица пратеници од Европскиот фронт

Објавено May 17, 2025 09:36
Сподели
Сподели

Првиот вицепремиер и еден од лидерите Вреди, Изет Меџити во интервју за Алсат изјави дека четворица пратеници од Европскиот фронт ќе му се приклучат на парламентарното мнозинство.

Вреди нема да остане со девет пратеници, ниту Европскиот фронт со оние што ги има. Движењата започнаа и мислам дека во наредните денови, особено следната недела, ќе се види дека ситуацијата не е таква. Разговорите не се завршени, се наоѓаат во завршна фаза, но потврдувам дека има таков број што веќе го напуштија Фронтот и го поддржуваат мнозинството, рече Меџити, посочувајќи оти станува збор за четворица пратници од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Тој потврди и дека сите ресори во Владата што ги водеше крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари ќе останат на Вреди.

Она што е власт и што му припаѓа на Вреди, останува на Вреди. Сега кој ќе биде дел од Вреди во иднина – поединци, други субјекти – тоа е прашање кое го дискутираме и дебатираме, но со оваа власт управува Вреди. Сè додека не одлучиме за други околности за размена на ресори, но засега оваа тема е затворена, додаде Меџити.

Според него, мнозинството од АА не се согласува со заминувањето на Таравари од Владата. За вицепремиерот задолжен за политики за добро управување, Арбен Фетаи, кој сè уште не одлучил дали ќе остане во Владата, Меџити рече дека е во комуникација со него.

Мислам дека во овој период добро работеше како вицепремиер за добро владеење. Заедно придонесовме во важни прашања, етнички, и мислам дека е потребен на Владата. Се надевам дека ќе остане, нагласи Меџити.

На локалните избори, тој најави дека покрај партиските, ќе поддржат и независни кандидати.

Она што ќе биде добра вест за овие избори е дека Вреди ќе излезе од партиските бои, ќе излезе и надвор од Вреди. Ако кандидатурите се подобри во некоја општина, ќе ги поддржиме независните кандидати во големите урбани општини, а една од нив ќе биде и Гостивар, рече Изет Меџити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска
Следна Статија Почнува изградбата на фабриката на турската компанија „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Либералите бараат воведување на електронска нараквица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување на електронска нараквица за насилниците, по двојното убиство во Велес, кога Илија – поранешниот партнер на…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

Со што е уценет Таравари, па како млада невеста постојано ја прекинува свадбата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, постојано ја менува приказната како што му одговара, па двапати влезе…

August 30, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Без оглед на политичката чистка, им порачувам дека ДУИ е ураган

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да…

December 23, 2024
ПОЛИТИКА

На Зајкова и спремаат „пуч“, иницијативен одбор за промени во ЛДП на состанок ќе бара вонредно собрание

Денес во 12 часот, во големата сала на Општина Кисела вода ќе се состанат 2/3 од општинските организации на ЛДП…

November 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?