Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити: На Таравари не му е местото во Владата ако се решил за соработка со ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Меџити: На Таравари не му е местото во Владата ако се решил за соработка со ДУИ
ПОЛИТИКА

Меџити: На Таравари не му е местото во Владата ако се решил за соработка со ДУИ

Објавено April 22, 2025 08:35
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и претседател на Демократското движење Изет Меџити уверува дека и покрај превирањата во Влен, Коалицијата не се распаѓа туку е уште посилна и појака, бидејќи 107.000 гласови освоени на последните парламентарни избори, вели, беа гласови за промена и надеж и ние остануваме на тој пат.  

-Ние сите се сплотивме околу идејата да донесеме промена, плурализам, демократија во албанскиот кампус, борба против корупција. Сите се уште стоиме на тоа освен г-динот Таравари, кој од индивидуални и партиски причини излезе на површина дека подолг период неколку месеци, има состаноци и соработува со ДУИ. Нашиот став е дека не може да биде дел од Влен и да соработува со ДУИ. Вен е уште посилна, бидејќи освоените 107 000 гласови (на последните парламентарни избори) не се само гласови за Демократското движење, за Алтернатива, Беса или дел од Алијанса туку беа анти – ДУИ гласови, гласови за проеман и надеж и не може никој да се повикува дека ги има во џеб. Ние остануваме на тој пат да истраеме и да ја донесеме промената, изјави вчера Меџити во гостувањето на Тема на денот на ТВ Сител.

Според него, проблем ќе има Таравари кој ќе треба на своите гласачи да им објасни како од партија антипод на  ДУИ, сега се враќа и соработува со ДУИ.

Тој посочува дека обединувањето на партиите во Коалицијата Влен во една партија е одраз на барањата на гласачите присутни уште од самиот почеток, и оти многу лесно се одвива процесот на претопување во една партија, на кој, вели, очигледно се спротивставува Таравари.

Меџити потврди дека лидерите од коалицијата вчера имале средба во Струга на која било договорено новиот политички субјект да има Централно претседателство со 23 члена, Централно собрание, заеднички Централен штаб и локални штабови, заеднички медиумски центар. Во овој процес кој ќе се одвива во наредните дестина дена, треба да се формира работна група која ќе работи на правните прашања околу формирањето на новиот политички субјект.

Во однос на тоа кој би бил претседател на партијата, тој кажа дека тоа најверојатно би можел да биде еден од тројцата лидери во коалицијата, но не исклучи можност и за нова личност.

-Идејата ни е да станеме нов политички субјект кој ќе биде поголемиот во албанскиот политички кампус, и во албанскиот кампус да има две опции – Влен и Европски фронт или Влен и ДУИ, кои носат плурализам и демократија, борба на платформи и идеи, проекти, потенцира Меџити.

Тој оцени дека дококу Таравари се решил за соработка со ДУИ, тоа треба и јавно да го обзнани, и етички е, вели, да ја напушти Владата.

-Сметам дека не му е местото во Владата, бидејќи штом сака соработка со ова ДУИ, тоа се коси со политиките и принципите на формирање на оваа Влада, а тоа е борба против корупција, враќање на правната држава и другу начела, вели Меџити потврдувајќи дека ова прашање ќе го постави и во Владата. 

Тој не гледа причина со локалните да се одржат заедно и предвремени парламентарни избори, оти вели, парламентарно мнозинство е стабилно, има 78 пратеници засега, а има комуникација и можност тоа да биде над 80 пратеници.

Очекува и на локалните Влен да биде апсолутен победник и по број на градоначалници и советници на советничките листи, бидејќи вели, ќе понудат соработка и партнерство со невладиниот сектор и со најквалитетните Албанци, некаде ќе поддржат и независни кандидати ако се такви проценките, а ги потенцира и вложувањата на власта во проекти во локалните самоуправи.

-Оваа Влада издвојува некаде околу милијарда евра за капитални проекти во општините, а добиваат сите граѓани. Средствата се распределуваат според бројот на населението, а не според етничката припадност на граѓаните, добиваат и општините  од ДУИ, значи битни ни се граѓаните, рече Меџити.

Централното претседателство на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, деновиве одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници. 

Таравари во изјава за „Стадион“ минатата недела нагласи дека повеќе не гледа простор за понатамошна соработка со Вреди и откри дека е во комуникација со лидерот на итегративците Ахмети и оти не ја исклучува можноста за соработка со ДУИ на вториот круг од локалните. Таравари рече и дека доправа ќе се одлчува дали ќе остане во Владата.

-Со Ахмети не сум се сретнал, сум се слушнал по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметат дека треба да бидеме во Владата ќе продолжиме, ако не – ќе одиме во опозиција. Генерално ние сме заинтересирани да продолжиме во Влада. Зависи од премиерот, рече Таравари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Ван Дам му испрати порака на Путин: Сакам да бидам амбасадор на мирот
Следна Статија Имаат просечна плата од околу 4.500 евра и совршена природа! Ова е најдобрата земја за преселба во 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов и актуелниот советник во Град Скопје, епидемиологот Никола Пановски се главни фаворити за кандидат…

September 2, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните, време е за нова енергија и вистински промени

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Демант и од Владата: Семејството на Мицкоски не патувало со службениот авион, обвинувањата на СДСМ се лажни

Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на Премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска. Службениот авион стар 20…

February 19, 2026
ПОЛИТИКА

Милошоски: За прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа

На поткастот „На кавга со Иван“ што се емитува на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот и член на ИК на…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?