Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мизо: Фактот што КОСТАЛ продолжува со инвестирање значи дека одлуката да се развиваме во Македонија е добра и успешна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мизо: Фактот што КОСТАЛ продолжува со инвестирање значи дека одлуката да се развиваме во Македонија е добра и успешна
Blog

Мизо: Фактот што КОСТАЛ продолжува со инвестирање значи дека одлуката да се развиваме во Македонија е добра и успешна

Објавено November 11, 2025 19:13
Сподели
Сподели

Заради тоа што една или две компании планираат да ја напуштат државата не значи дека другите компании нема да се развиваат и понатаму или нема да дојдат нови компании кои преку Македонија ќе дојдат за европскиот пазар, истакна Виктор Мизо, управител на компанијата „Костал“ во одговор на новинарско прашање за коментар за заминување на две странски компании од државата.

Според Мизо, тоа се интерни одлуки на тие компании и затоа не може коментира кои се причините за нивното заминување.

-Од тоа што го имам прочитано тие прават некоја консолидација на своето портфолио на европскиот пазар и како што кажав европската индустрија е во стагнација, но ќе имаме победници, но и компании кои некогаш нема да успеат да се снајдат најдобро во она што се случува во автомобилската индустрија, Но, фактот што ние продолжуваме со инвестирање и одиме понатака значи дека ова е добра, успешна и правилна одлука што сме ја донеле како компанија за да се развиваме во Македонија, рече Мизо.

Додаде дека „Костал“ со дополнителни инвестиции од над 30 милиони евра идната година планира да го шири портфолиото како на клиентите, така и на производи.

-Сметаме дека она што беше план во изминатите години, некаде до 2027 година ќе успееме и да имаме извоз и обрт поголем од 300 милиони евра и со тоа ќе бидеме позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија, но истовремено тоа значи квалитетни, нови работни места во овие 200 плус вработени. Тука ќе има нормално работници кои ќе работат во производство, но технички лица кои ќе работат како инженери, но и луѓе во административни дејности-сето она што е поврзано со финансии, сом логистика, со квалитет. Така од таа страна навистина очекуваме овој развој да биде позитивна вест не само за регионот, Охридско-Струшкиот регион, туку и за целата државата, но истовремено ова да значи еден мотив како и други компании би можеле да се фокусираат и да ја користат Македонија во целиот свој процес на експанзија, истакна управителот на компанијата „Костал“, Виктор Мизо, по посетата на премиерот Христијан Мицкоси на оваа компанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алексиоска–Папестиев: Клиниката за гинекологија ќе има современ центар за ин-витро
Следна Статија ЦУК ја презема контролата врз воздушните потраги и спасување од 1 февруари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Инвеститорот за вештачка интелигенција MGX го поддржа Binance со историска инвестиција од 2 милијарди долари

Binance, најголемата светска берза за криптовалути, и MGX, инвеститор за вештачка интелигенција и напредна технологија со седиште во Абу Даби,…

March 12, 2025
Blog

Експерти за криптопазарот укажуваат: Не верувајте во секоја криптовалута, голем дел од нив се шпекулативни и ќе исчезнат

Десет илјади евра изгубил македонски државјанин при измама во трговија со криптовалути, велат од МВР во изјава за Гласот на Америка.…

December 7, 2024
Blog

Германската економија плаќа 61 милијарда евра годишно на бирократски процедури

Малите и средните претпријатија во Германија трошат 61 милијарда евра годишно само на бирократија, што е разумно неопходно за правилно…

April 28, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Бик – понеделник, 10 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Биковите денес ќе нанизуваат усогласувања своите дејства со принципите и вредностите што ги носат во…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?