Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милевски: Најважно ни беше да победиме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Милевски: Најважно ни беше да победиме
СПОРТ

Милевски: Најважно ни беше да победиме

Објавено March 22, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Селекторот на македонскaта фудбалска репрезентација Благоја Милевски, по средбата со Лихтенштајн и победата, на прес-конференцијата искажа задоволство од победата и трите бода.

„Честитки до моите играчи што во овие околности и трагедијата во Кочани, најдоа сили да го приведат натпреварот на најдобар можен начин. Искрено, не ми беше важно со колкава разлика и со каков резултат ќе победиме, туку само трите бодови на крајот“, рече Милевски.

„Очекувавме противникот да биде концентриран на својата одбрана, компактен, што го покажаа и на минатите мечеви, ги анализиравме детално, изгледавме доста 7-8 натпревари, и тоа е нашиот начин на подготовка“, изјави селекторот на македонскиот национален тим.

За групата, коментираше дека секоја селекција има шанси да замине на Мундијал, па дури и Казахстан и Лихтенштајн.

„Сите во нашата група се конкурентни, сите имаат свои шанси. Во денешниот фудбал мора да покажете максимален респект кон секоја репрезентација ако сакате да се надевате на позитивен резултат. Имаме интересна група, каде секоја репрезентација има свој квалитет и свои шанси“, дополнува Милевски.

Милевски ги истакна и очекувањата од дуелот со Велс.

„Почнавме веќе со подготовка против Велс, не очекува еден сосема поинаков натпревар, сосема поинаков тип на противник и очекувам меч за кој ќе треба повеќе и физички и психички напор. Се надевам дека пред се здравствено ќе бидеме добри сите, и ќе се одмориме овие два дена до мечот со Велс. Ме фасцинира нивниот тим како квалитет, и мислам дека ќе ни биде најсериозен предизвик во нашата група“, изјави Милевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанец уапсен поради закани кон лекар во приватна клиника
Следна Статија Мирен собир во Паркот на Револуцијата во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени неколку клучни одлуки. Меѓу другото назначен беше…

March 25, 2025

Предизвик на Bosch и Avinox: Тест на електрични велосипеди со неочекуван пресврт

Стефан и Дарио се врзани со превез и оставени далеку од дома, со единствена цел - да се вратат со…

January 11, 2026
СПОРТ

(Видео) Голот на Педро Нето од камерата на судијата

Фудбалерите на Челзи го отворија Светското клупско првенство со победа. Во својот прв натпревар во Групата Д од натпреварувањето, играчите…

June 17, 2025
СПОРТ

ПСЖ покажа зошто е европски првак, со пресврт славеше над Барселона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја победија Барселона со 2:1 (1:1) во дербито на втората рунда во Лигата на шампионите.…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?