Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миле Јанакиески влезе во градежниот бизнис
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Миле Јанакиески влезе во градежниот бизнис
ЕКОНОМИЈА

Миле Јанакиески влезе во градежниот бизнис

Објавено September 17, 2025 08:28
Сподели
Сподели

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески стана еден од сопствениците на градежниот конзорциум „Смарт инвест груп“, кој обединува неколку познати градежни инвеститори од пелагонискиот регион во изградбата на станбени комплекси, пишува Фактор.мк.

Поранешниот најблизок соработник на екс-премиерот Никола Груевски во „Смарт Инвест Груп“ минатата недела стана член на групацијата на местото на градежниот инвеститор Крсте Неделковски од Битола, инаку познат како сопственик на градежните фирми „Конкрит“, „БВ Инженеринг“.

Досегашните соработници на Неделковски од сега ќе му бидат бизнис-партнери на Јанакиески и тоа познатите битолски бизнисмени Драги Филевски (Марио Матео), Пеце Талески (ОХО Продукција), Филип Стојчевски (Чифлик), Владимир Христовски (Графо пром) и Исни Абази (Оне Финанце).

Јанакиески минатата година во јуни излезе на слобода по шест години минати во затвор за предметот Титаник поврзан со изборни нерегуларности за кој тој призна вина. Во 2022 година беше осуден на 4 и пол години затворска казна, а следната година скопска Апелација му ја намали на три и пол години. Лани во март Апелацискиот суд одлучи да ја уважи жалбата на Јанакиески со која бараше условен отпуст, кој што го доби уште порано.

Јанакиески беше обвинет и во предметите Топлик и Талир, но со измените на Кривичниот законик кривичните дела во овие предмети застареа. Тој од оваа година е амнестиран и за случајот „Организатори на 27 април“. Поранешниот функционер е обвинет и во предметот „Шпански скали“ за кој не е познат епилогот.

„Смарт инвест груп“ на својата веб-страница информира дека во моментов има инвестициски фонд од 30 милиони евра и дека гради станбени згради во битолската елитна населба Златен рид, Широк Сокак и други атрактивни локации во овој град, како и во Куманово и Скопје, каде ќе се гради комплекс од 128 станови кај Момин Поток во Карпош.

За поранешниот министер за транспорт и врски неофицијално се зборува дека е актуелен консултант за земјиште на големи градежни моќници. Концептот на работа на „Смарт инвест груп“, основан пред две години, е да собира заеднички средства од инвеститори кои би вложувале во идни градежни проекти.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени се апсења
Следна Статија (Фото) Грција пронајде богатство од потонатиот брод „Британик“, сестрински брод на „Титаник“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Голем пад на „Тесла“ на два важни пазари, кинескиот бренд процвета

„Тесла“ регистрираше голем пад на продажбата на автомобили во Велика Британија и Германија минатиот месец, додека, пак, кинескиот BYD регистрираше…

August 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Нова инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ чии планови се…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Имате проблеми со „МојДДВ“ – превземете ја новата верзија на апликацијата

Грешка при верификација, сметката е скенирана или пак бар кодот на фискалните сметки едноставно не се вчитува.Ова се проблемите со…

August 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на лебот да се намали на 20 денари, бара Асоцијацијата на земјоделци и фармери

Цената на лебот да се намали на 20 денари, да се зголемат субвенциите за производството на пченица и за 50…

February 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?