Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милионери го напуштија Лондон, тој повеќе не е во топ 5 најбогатите градови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Милионери го напуштија Лондон, тој повеќе не е во топ 5 најбогатите градови
Blog

Милионери го напуштија Лондон, тој повеќе не е во топ 5 најбогатите градови

Објавено April 10, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Британската престолнина веќе не е меѓу петте најбогати градови во светот, откако лани изгуби поголем процент милионери од кој било друг град во светот, заедно со Москва, објави денеска „Тајмс“.

Годишниот извештај за богатството на глобално ниво, вели дека Лондон изгубил 11.300 милионери само минатата година, од кои 18-мина со најмалку 100 милиони долари на своите сметки, како и двајца милијардери. Истражувањето спроведено од „Њу ворлд велт“ (New World Wealth) за консултантската фирма „Хенли енд партнерс“ (Henley & Partners), го дефинира богатството како: средства што може да се инвестираат во ликвидност, што значи готовина, обврзници и акции, но го исклучува имотното богатство.

Проценката беше спроведена пред неодамнешниот пад на берзата што уследи по објавувањето на царините од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според последните податоци, Лондон е еден од двата града меѓу првите 50 најбогати во светот, коишто сега имаат помалку богати луѓе отколку пред 10 години. Другиот е Москва.  Лондон изгуби вкупно 12 отсто од своите најбогати жители од 2014 година до лани, при што падот им се припишува на зголемувањето на даноците, Брегзит и падот на вредноста на фунтата. Москва изгуби 25 отсто од своите најбогати жители, што се проценува дека најмногу се должи на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Меѓутоа, во апсолутни бројки, Лондон го напуштиле 30.000 богаташи за 10 години, а од Москва си отишле 10.000 милионери.

Париз, од друга страна, бележи зголемување на бројот на милионери во истиот период, со зголемување од пет отсто последниве 10 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем пожар спроти Клинички центар (ВИДЕО)
Следна Статија Политика, мито и корупција има позади пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Во скопска населба уловен волк кој бил чуван како домашен миленик

Во скопска населба синоќа е уловен волк кој бил чуван како домашен миленик, со ремче и ланец, објави градоначалникот Орце…

May 13, 2026
Blog

Сакате да купите недвижен имот во Европа? Еве каде даноците се највисоки, а каде најниски!

Литванија и Унгарија се меѓу најповолните европски земји за инвестирање во имот, додека Белгија и Франција се рангирани меѓу најлошите,…

October 17, 2024
Blog

Бугарија негира дека дистрибуирале дипломатска нота за патувањето на семејството на премиерот Мицкоски, но не нудат никакви докази

„Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членови на…

June 25, 2026
Blog

Аргентина ја елиминира Англија – ќе игра во финалето на Светското првенство против Шпанија

АРГЕНТИНА е во финалето на Светското првенство. Во драматично полуфинале во Атланта, тие ја победија Англија со 2-1 по голем…

July 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?