Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милијардер советува: „Доколку сакате да се збогатите, секојдневно правете едно нешто“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Милијардер советува: „Доколку сакате да се збогатите, секојдневно правете едно нешто“
Blog

Милијардер советува: „Доколку сакате да се збогатите, секојдневно правете едно нешто“

Објавено March 3, 2025 09:31
Сподели
Сподели

Милијардерот Марк Кјубан (66), американскиот претприемач, косопственик на НБА тимот Далас Маверикс и компанијата „2929 Entertainment“ и инвеститор во американското реално шоу „Shark Tank“, во една прилика на својот блог ја открил тајната на своето богатство.

Тој објаснил дека богатството не доаѓа преку ноќ, туку започнува со една едноставна (и моќна) навика. „Не е лошо да се биде богат. Прашањето што сите го поставуваат е – како да се стигне до таму?“ напишал тој.

Кубан тврди дека не постои универзална формула за успех, но дека неговиот најважен совет е штедењето. „Штедете ги парите. Штедете колку што можете повеќе. Наместо кафе – пијте вода. Наместо скапи оброци надвор – јадете едноставен оброк дома“, советува милијардерот.

Избегнување долгови, паметно трошење…

Покрај тоа, милијардерот ја истакнал важноста на избегнувањето долгови. „Ако користите кредитни картички, не сакате да бидете богати. Првиот чекор до богатство бара дисциплина. Ако навистина сакате да бидете богати, мора да ја пронајдете таа дисциплина. Можете ли?“ запраша тој, додавајќи дека верува оти паметното трошење е првиот чекор кон богатството.

„Мора да се откажете од одредени работи. Тоа не е лесно за секого, особено ако имате семејство. Но што и да можете да заштедите – заштедете го. Колку што можете. Штедете пари и ставете ги во орочени шестмесечни депозити. Првиот чекор кон богатството е да имате готовина на располагање. Не штедете за пензија – штедете за моментот кога навистина ви треба готовина“, порача тој.

„Пронајдете го она што најмногу ве интересира“

Дури откако ќе акумулирате одредена заштеда, Кубан советува да ја пронајдете работа што ја сакате: „Пронајдете го она што најмногу ве интересира и почнете да работите во индустрија која го поддржува тоа.

Не мора веднаш да ја пронајдете вашата работа од соништата, важно е да научите и да стекнете искуство. Тоа може да биде службеничка работа, работа во продажба, што било. Клучот е да се започне од некаде. Наместо да плаќате за образование, добивајте плата додека учите. Тоа можеби не е совршена работа, но не постои совршен пат до збогатувањето“, објасни Кубан.

Трпението е клучно

На крајот милијардерот рекол дека трпението е најважно.

Не зборуваме за денови. Не зборуваме за месеци. Зборуваме за години. Многу години, можеби дури и децении“, рекол тој, појаснувајќи дека неговите совети не се „шема за брзо збогатување“, туку „конкретен пат кон финансиската стабилност и успех“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во првите 40 дена од фукцијата, Трамп потпишал рекордни 79 претседателски укази
Следна Статија Хали Бери го бакна Адриен Броди пред сите и и се извини на неговата девојка: „Чекав 21 година“ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Профитот на Амазон скокна за 55 отсто благодарение на услугите за компјутерски облак

Профитот на американската компанија Амазон во третиот квартал од 2024 година се зголеми за 55 отсто на годишно ниво на…

November 2, 2024
Blog

Уште една држава се придружи во БРИКС

Виетнам официјално е примен како „земја партнер“ во БРИКС, како дел од напорите за проширување на растечката група економии во…

June 14, 2025
Blog

„Крис Велики“, вели за Павловски италијанскиот бизнисмен и научник Паоло Ардоино кој е во Скопје

Италијанскиот милјардер, бизнисмен и компјутерски научник Паоло Ардоино деновиве е во Скопје, каде што учествува на Скопје 2025. На мрежата…

May 13, 2025
Blog

(Видео) Трамп им вети „пекол“ на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?