Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: Главниот актер во “канцероген мазут”, помина само со домашен притвор, борбата за реформи во судството ќе биде тешка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Милошоски: Главниот актер во “канцероген мазут”, помина само со домашен притвор, борбата за реформи во судството ќе биде тешка
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Главниот актер во “канцероген мазут”, помина само со домашен притвор, борбата за реформи во судството ќе биде тешка

Објавено March 12, 2025 10:36
Сподели
Сподели

Тоа што вчера СДСМ и ДУИ не гласаа за интерпелациите за Судскиот совет е доказ за тоа чии инсталации се овие петмина членови во РСС: Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и донаторката на СДСМ, Тања Чачарова, напиша на својот фејсбук профил, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Кого треба да заштитат ваквите инсталации во правосудството можеше да се види вчера во случајот тежок 168М€ со перење на пари преку канцероген мазут. Иако во оваа мега афера има и еден осомничен кој е во бегство (Васко Ковачевски, СДСМ), сепак синот на пратеникот од ДУИ, кој е еден од двајцата главни актери во случајот “канцероген мазут”, помина само со домашен притвор, откако обвинителот, по нечив налог, во последен момент го изменил предлогот.

Завчера пак, инсталациите на СДСМ и ДУИ во Судскиот совет, одлучиле дека најдобриот избор за в.д. претседател на Врховниот суд е Џемали Саити – судија кој има тесни врски со раководството на ДУИ.

Ова покажува дека борбата за реформи во правосудството ќе биде тешка, а инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе направат се за да остане “како до сега”. Затоа потребна е и поддршка од јавноста, меѓу другото и за поддршка на интерпелацијата како уставен принцип преку кој Собранието им изгласа недоверба на 5те членови на Судскиот совет. После оваа недоверба треба да биде јасно дека тие лица веќе немаат демократски легитимитет да учествуваат во работата и во одлучувањето на РСС.

Истиот ден за судија во Основен суд Гостивар избрана е Љеонора Јакупи, ќерка на бившиот член на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети (ДУИ). Пред само 2 години сопругот на Љеонора , зетот од Иџет Мемети, Илир Јакупи беше избран за јавен обвинител во ОЈО во Гостивар, во остото време кога сега осудениот негов дедо беше член на Советот на јавни обвинители.

Затоа борбата за реформи во правосудството нема да биде лесна, а инсталациите на СДСМ и ДУИ грчевито ќе се борат се’ да остане “како до сега”. Нивните пипци во судството и обвинителството се дел од проблемот, но главните упоришта на руинираниот правосуден систем се Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Затоа напорите за реформи во овие две битни институции мора да продолжат, за што е потребна и силна поддршка од јавноста.

За почеток треба да се промовира принципот дека уставниот механизам за интерпелација е демократска алатка за борба против непрофесионалното работење на одредени членови на Судскиот совет, како избрани функционери. Бидејќи на секој добар правник му е јасно дека откако Собранието им изгласа недоверба на 5те членови на Судскиот совет (Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова) тие лица веќе немаат демократски легитимитет да учествуваат во работата и во одлучувањето на РСС. Нивните оставки се единствениот демократски потег кој им стои на располагање“, вели Милошоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Весна Дамева со чанта вредна над 3.000 евра додека пратениците ѝ гласаа недоверба
Следна Статија Велибор Манев во детали објасни како се случило грабнувањето на Жежовски: Палевски му испука куршум во слепоочницата на Панче!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МРТВ со „солено“ мени за состанок со ЕБУ: Сирење од 100 евра килограм, морска храна со школки, ракчиња, арборио ориз со шафран…

Македонската радио-телевизија (МРТВ) организира високобуџетна вечера за гостите од Европската радиодифузна Унија (ЕБУ), на која е предвидено да се потрошат илјадници евра…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Имотен лист од сега достапен на националниот портал – uslugi.gov.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вчеравечер беше гостин во Тема на денот на ТВ Сител, тој зборуваше за новите…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милан Стефановски: Преку САД го свртевме вниманието на ЕУ кон нас

Не знам зошто во целост би ја следеле надворешната политика на ЕУ, кога ние не сме членка а од друга…

February 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Владата работи на европската интеграција, ред е и ЕУ да покаже посветеност

Во интервју за NewsMax Balkans, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зборуваше за европската интеграција на државата,…

August 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?