Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено

Објавено December 12, 2025 09:51
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, истакна дека јавноста може да биде спокојна и мирна, затоа што темата мигранти и азиланти е манипулативна политичка тема.

До Македонија нема стигнато било какво барање или било каква тема не е наметната од Британија на тема мигранти, и дури кога би стигнало категорично би било отфрлено. Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти е манипулативна политичка тема“, истакна Милошоски.

Во гостување на Канал 5 телевизија, Милошоски нагласи дека Македонија и Велика Британија имаат потпишано договор за инвестиции, соработка и проекти, без никаква обврска поврзана со мигранти.

Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка, за проекти, и нема ниту од една страна наметнато тема којашто опфаќа мигранти. Тема е којашто полесно може да се манипулира, и мислам дека кај СДСМ особено кај претседателот на СДСМ, Венко Филипче темата мигранти има двојна улога. Тој како претседател на СДСМ, се соочува со свои партиски мигранти коишто бегаат во други политички опции, затоа што гледаат дека СДСМ ја губи влијателноста којашто ја имала пред 5 или 10 години, и сега го советуваат дека оваа тема можеби треба да ја искористи за покривање“, изјави Милошоски.

Тој информираше дека бројот на азиланти коишто имаат добиено статус на бегалци во Македонија е 14 лица од кои девет се државјани на Косово, три на Конго и две на Сирија.

На прашањето зошто Владата не ги демантирала објавите во британските медиуми, Милошоски посочи дека самата изјава на премерот во која тој тврди дека такво нешто нема има доволна тежина и е доволен демант.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мексико одобрува до 50% царини на Кина и други земји
Следна Статија Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од страна на ФЕД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски за реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“: Граѓаните ќе добијат најмодерна болница, а лекарите современи услови за работа

-Гледаме голем прогрес во реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“, ова е проект кој што го работиме во рамките на концесијата…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски нов претседавач на Балканскиот форум на уставни судови

Уставниот суд на Македонија од денеска, во наредната година ќе претседава со Балканскиот форум на уставни судови (BCCF) и ќе…

November 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски – Јандроковиќ: Унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат на Македонија

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Скопје се сретна со Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, на која, како што…

March 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес со јачина од 2,3 степени регистриран во Гостивар

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во близина на Гостивар, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?