Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: Не може Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, да држи лекции за демократија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Милошоски: Не може Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, да држи лекции за демократија
ПОЛИТИКА

Милошоски: Не може Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, да држи лекции за демократија

Објавено August 10, 2025 17:34
Сподели
Сподели

Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ги следеа неистомислениците во медиумите, стопанството, вклучително и политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, држи лекции за демократија!?, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Очигледно е дека Ана Чупеска, верната ученичка на Љубомир Фрчкоски и продолжена рака на старите удбашки структури од 90-тите, денес повторно се јавува како гласноговорник на истата таа матрица што ја држеше Македонија во стегите на корупцијата и политичкиот прогон.

Нема поголема иронија од тоа потпретседателката на партијата која 7 години ја претвори државата во приватен имот на кланот Заеви и нивните ортаци, да зборува за „узурпација“.

Во времето на СДСМ, МВР беше сервис за криминалните структури блиски до власта, а началниците беа партиски извршители за притисок врз неистомисленици, или за штанцање на фалц-пасоши на белосветски нарко босови.

Денес, кога конечно се воспоставува ред и се расчистува со тие остатоци од минатото, на Чупеска и СДСМ им пречи што повеќе нема простор за нивните тајни договори и злоупотреби.

Што се однесува до „режимот“ – режим имаше кога Вие, госпоѓо Чупеска, заедно со Вашите ментори и шефови, ја газевте волјата на народот, ја злоупотребувавте полицијата и ги полневте џебовите на Вашите кланови. Тоа време заврши.

Или можеби заборавивте на времето кога изгoреа луѓе во модуларната болница, а Заев, Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ и другите Ваши најблиски соработници ја разнебитуваа државата? Тоа се вашите „демократски“ стандарди.

Наместо да се труди да ги задоволи инстинктите на Фрчкоски и да му угоди докажувајќи се колку е лојална, нека се вразуми и нека сфати дека Фрчкоски ќе ја откачи на првата кривина.., или на првиот паркинг.

Наместо лекции за капацитет, објаснете им на граѓаните како токму Вашите политички покровители ја втурнаа државата во најголемите национални порази и економски грабежи во последните децении. И имајте на ум дека ниту расфрлањето со терминот “режим”, ниту китењето со пердувите на “Шарената деволуција”, нема да Ви помогне да ја покриете разединетоста која ја имате во СДСМ, токму поради Вашата лојалност кон оние кои Ве доведоа до тоа дереџе!, пишува меѓудругото во својата објава Милошоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР со детали: Во вооружената пресметка во Тетово повредени и двајца случајни минувачи, едното е малолетно девојче
Следна Статија Минчев до ЦИЦ: Последниот што има право да зборува за лукративни мотиви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

По кој параметар Албанија е поподготвена од нас, праша Мицкоски

Што треба да направат некои други држави затоа што нивните сонародници во трети земји напредуваат заедно со тие трети држави.…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Граѓаните ќе платат дополнителни 20 милиони евра за камати од скапите задолжувања

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини за скапите задолжувања на Владата дека ќе ја чинат државата дополнителни…

May 23, 2026
ПОЛИТИКА

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори. СДС…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Да се истражи поврзаноста на Филипче и Заев со фирмата од која беа запленети 30 тони дрога

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека на виделина излегла поврзаноста на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот…

February 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?