Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: Пожарите не се случајни, сторителите ќе одговараат за своето дело
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Милошоски: Пожарите не се случајни, сторителите ќе одговараат за своето дело
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Пожарите не се случајни, сторителите ќе одговараат за своето дело

Објавено September 18, 2025 09:45
Сподели
Сподели

Во емисијата 24 Анализа на истоимената телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој истакна дека пожарите не се случајност со оглед на тоа што директорот на Дрисла е од ДУИ и смета дека овие намерно предизвикани пожари се со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните и да одредени поединци постигнат политички ефект.

–  Во однос на пожарите и интензитетот по кој што се случуваат а последниот имаше и одредена видео снимка не би рекол дека пожарите се случајни, особено не пожарот во Дрисла, значи Дрисла е институција која има стандарди и норми на одлагање на смет на негово согорување ако има потреба, директорот на Дрисла е од ДУИ знам дека бил повикан на информативен разговор и ќе се покаже и според тоа и според други сознанија дали и како се работело во ова претпријатие и дали со некое сторување или не сторување се случил тој пожар во Дрисла кој што предизвика поголемо загадување и потоа беше саниран.

Сметам дека ваквото дејствување има елементи на субверзија да се предизвика несигурност кај граѓаните, да се предизвика страв, паника,  да се одвлече вниманието од надлежните институции коишто се ангажирани во борба против криминалот, да се дефокусира, да се насочат ресурсите на друга страна, па на крајот на краиштата да се постигне некој политички ефект, рече Милошоски.

Пратеникот Милошоски посочи  дека наскоро се очекува да биде оформен предмет за пожарите, а доколку и во иднина има сторители на подметнати пожари истите ќе бидат санкционирани и ќе одговараат за своето дело.

–  Има одреден дел на поединци кои се повикани на распит и некои се осомничи и мислам дека во соработка со Обвинителството ќе може за скоро време да имаме и предмет којшто би бил оформен во оваа насока. Овие пожари очигледно е дека не се случајни и државата ќе се обиде се што е во нејзина надлежност да биде активна и се надевам како што беше случајот со пожарот кај Стаклара во Кисела Вода, дека доколку било кој се осмели во иднина на ваков начин, дека ќе имаме веќе не само осомничени туку и на лице место фатени сторители и сметам дека таквиот начин би бил најдобар за да се упати една силна пораки дека тие што го прават ова без разлика дали е поединечен акт или  е некаква политичка саботажа дека ќе одговараат за вакви тешки дела по здравјето на граѓаните, вели Милошоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мурињо е новиот тренер на Бенфика
Следна Статија Kaранфилова Пановска: „Трагичниот настан во Велес покажува историја на насилство кое не било санкционирано од институциите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Иле Гоцевски: Премиерот лично дојде да ја сподели нашата болка и да изрази почит кон мојот сопруг

Една година од трагедијата. Го загубив мојот сопруг, човек кој беше мојата сила, мојата поддршка и мојата најголема љубов, напиша…

March 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Силниот ветер однесе кров од зграда во Ѓорче Петров

Силниот ветер попладнево однесе кров од зграда во скопската општина Ѓорче Петров. Кровот паднал на улица, прчинета е материјална штета.…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Свесен сум дека граѓаните се против Бугари во Устав, но тоа од нас го бара ЕУ

Ја разбирам пораката од граѓаните кои и на изборите покажаа дека се против францускиот предлог но тоа е барање кое…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски – Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбанr. Мицкоски на Фејсбук објави…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?