Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите
ЕКОНОМИЈА

Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите

Објавено May 20, 2025 13:45
Сподели
Сподели

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. 

Вредноста на синдикалната минимална кошничка, според објавените податоци, во мај изнесува 63.908 денари што е за 1.217 денари повеќе во однос на априлската синдикална кошничка која изнесуваше 62.691 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошничка изнесува 79.283 денари.

Трошоците за храна и пијалоци во синдикалната кошничка во мај изнесуваат 22.434,00 денари и се за 954 денари зголемени во споредба со април. 

– Евидентно е дека без мерки, цените неконтролирано се зголемуваат, а предизвикот со високите цени особено на основните прехранбени производи прави огромен притисок врз ниските плати на работниците во Македонија. Во услови на зголемени трошоци за живот, зголемената вредност на Синдикалната минимална кошница особено по завршувањето на мерките на Владата упатува на тоа дека е потребен раст на платите. Денеска е повеќе од јасно дека за растот на платите не говориме само ние од ССМ, туку се погласно зборуваат работниците и граѓаните кои на свој грб ја чуствуваат оваа неправда, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски во Делчево: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот
Следна Статија Колку чини сместување во Грција оваа сезона?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ѓорѓиевски за проектот градски воз: Ќе бидеме целосно логистички вклучени во овој процес

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски се обрати при извршениот увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз. -Сакам…

November 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе се олеснува поставувањето на фотоволтаици на кров, домаќинствата ќе имаат право до 10 киловати

Министерството за енергетика подготвува ново законско решение со кое ќе се зголеми прагот за кровните фотоволтаици на домаќинствата или потрошувачите-производители…

August 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во тек е реализација на 17 странски инвестиции, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека во тек е реализација на 17 странски инвестиции, што треба…

March 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија

Средствата обезбедени преку кредитните линии од Унгарија се трошат наменски. Владата има донесено уредба со која точно се дефинирани начините…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?