Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минимално покачување на трошоците за живот: Синдикалната кошница порасна за 790 денари во јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Минимално покачување на трошоците за живот: Синдикалната кошница порасна за 790 денари во јуни
ЕКОНОМИЈА

Минимално покачување на трошоците за живот: Синдикалната кошница порасна за 790 денари во јуни

Објавено June 20, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во однос на претходниот месец, покажуваат најновите податоци на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметките, вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни достигнала 64.698 денари. Доколку семејството живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства достигнуваат 80.073 денари.

Најголемо зголемување е забележано кај трошоците за храна и пијалоци, кои во јуни изнесувале 23.167 денари, што е за 733 денари повеќе во споредба со мај.

„Имајќи ги предвид горенаведените податоци, евидентно е дека откако завршија активните владини мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за два месеца е зголемена за 2.007 денари, додека кај храната и пијалоците за истиот период пораснаа за 1.678 денари“, велат од ССМ.

Од Сојузот предупредуваат дека континуираното зголемување на трошоците врши дополнителен притисок врз стандардот на граѓаните и ја нагласуваат потребата од итни економски мерки за поддршка на домаќинствата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од Северна во Македонска, тимот на Главчев го враќа името на кошаркарската федерација
Следна Статија Политико: Дали Бугарија вештачки ја намалила инфлацијата за да влезе во еврозоната?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите

„Динамиката на пристапувањето во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) зависи од степенот на подготвеноста на земјите и степенот…

October 19, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од 1 декември поскапува парното греење, сметките повисоки за околу 130 денари

Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5,9 проценти, соопшти денеска претседателот…

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Наследивме катастрофална состојба со субвенциите, но веќе се консолидиравме и повеќе нема да има каснење како порано

Што се однесува до тој дел од општеството катастрофална и алармантна беше состојбата, но се консолидира. Не велам дека е…

November 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ќе растат сите плати во Македонија, а нема да растат функционерските плати

Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?