Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерот Лимани бил одбиен за американска виза!? „Тоа е поради Али Ахмети, жртвував се заради него“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерот Лимани бил одбиен за американска виза!? „Тоа е поради Али Ахмети, жртвував се заради него“
МАКЕДОНИЈА

Министерот Лимани бил одбиен за американска виза!? „Тоа е поради Али Ахмети, жртвував се заради него“

Објавено March 12, 2025 17:49
Сподели
Сподели

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, кој доаѓа од редовите на коалицијата „Влен“, вчера требало да присуствува и да има свое обраќање на настан на ОН за жени во Њујорк, САД, но не отпатувал бидејќи бил одбиен за виза. Информацијата дека Лимани не добил американска виза на социјалната мрежа Фејсбук ја споделија од „Европскиот фронт“, коалицијата предводена од ДУИ, поранешната матична партија на Лимани.

„Дали ти дадоа американска виза, Фатмир? Дали Али Ахмети е виновен за вашите скандали?“,прашаа од „Европскиот фронт“.

На ова реагираше министерот Лимани, кој на својот личен фејсбук-профил, како главен виновник за тоа што не добил виза, го посочи својот роднина – лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Причината за ‘пречката за слободно движење’ произлегува од фактот што жртвував сè за да го вратам Али Ахмети (заедно со неговите деца и пријатели) во неговата татковина користејќи начини и средства кои не се дозволени со меѓународното право. Ова нека послужи како потсетник за идните генерации да внимаваат кому му веруваат и за што се жртвуваат, за да не се осудат на вечно ропство. Ако сакате подетално објаснување… кажете му на Али Ахмети да избере дебатна емисија и телевизиска куќа и ќе бидете поинформирани… Движењето и ‘борбата’ за права на својот народ ме ‘осудува’, а вас криминалот и кражбата на вашиот народ“,реагираше Лимани на Фејсбук.

Амбасадата на САД често знае да ги одбие визите на политичари, посебно кога станува збор за корупција. Порано се зборуваше и дека на еден министер на ДУИ не му беше дадена виза, а потоа на црната листа на Стејт департаманетот беше ставен екс вицепремиерот Артан Груби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип
Следна Статија Прилепчанец нападнал медицинска сестра додека му пружала помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам проблемот со превозниците да се реши, од септември се разговара со ЕК

Од септември месец ова прашање е на дневен ред во рамки на нашите разговори со Европската комисија. Министерот за надворешни…

January 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Секој седми граѓанин е член на партија, најмногу се гласа по етничка линија

Основниот принцип по кој гласаат граѓаните на Македонија е етнички, а исклучоците се ретки. Ова го покажуваат резултатите од компаративната…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

УХМР со детална прогноза – еве какво време нè чека неделава

УХМР информира дека до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во попладневните и вечерните…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Собор на Пресвета Богородица

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?