Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерството за здравство ги проверува тврдењата за наводни непотребни медицински интервенции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Министерството за здравство ги проверува тврдењата за наводни непотребни медицински интервенции
ЗДРАВЈЕ

Министерството за здравство ги проверува тврдењата за наводни непотребни медицински интервенции

Објавено August 20, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Врз основа на информациите што се споделени во јавноста, Министерството за здравство веќе се координира за проверка на тврдењата за наводно непотребни медицински интервенции како и спроведување на итни и вонредни надзори со цел добивање на целосната слика, се вели во соопштението испратено до јавноста.

Во јавноста се појавија сериозни тврдења за можни непотребни медицински интервенции. Во здравството постојат јасно утврдени професионални стандарди, протоколи и законски постапки, како и компетентни тела надлежни за нивна примена. Почитувањето на професионалниот интегритет на здравствените работници е задолжително, исто како и почитта кон правата на пациентите, велат од МЗ.

Од МЗ додаваат дека сдлуките за лекување се темелат на клинички индикации, но и на право на второ стручно мислење. Пациентите треба да се чувствуваат охрабрени да поставуваат прашања, да бараат појаснувања и доколку имаат дилема, да побараат второ мислење — тоа е дел од добрата медицинска практика.

Оваа тема бара трезвен пристап и почит кон фактите а безбедноста на пациентите, медицинската етика и медицината заснована на докази се основните принципи врз кои се заснова пристапот на здравствениот систем. Овие принципи се основата и на новиот пристап со раководење со Министерството за здравство, се вели во соопштението на МЗ.

Од МЗ додаваат дека министерот Азир Алиу веќе најави дека комплетната дигитализација на здравствениот сектор ја опфаќа и двонасочната размена на информациите меѓу јавните и приватните здравствени установи преку системот Мој Термин – само тогаш ќе имаме јасна слика и за евентуалните злоупотреби на системот и на финансиските средства.

Здравствениот систем се заснова на доверба и затоа секоја јавна комуникација треба да биде одмерена и заснована на проверливи информации, без шпекулации и без поистоветување на поединечни случаи со целиот систем. Секако дека секој има право на свое мислење, а посебно ако тоа е поткрепено со аргументирани факти но исто така сметаме дека потребно е да се избегнуваат изјави кои водат до генерализации и сензационализам, велат од МЗ.

Познатиот македонски кардиолог д-р Сашко Кедев за време на гостувањето во „Стадион“ на Канал 77 изјави дека пречесто се случува да одвраќа луѓе од непотребни операции.

Најголем дел од мојата консултативна активност е во одвраќање на луѓе од непотрени интервенции. Непотребни статирања, непотребни операции. Ние во моментов се соочуваме со нешто застрашувачко, а тоа се тие непотребни интервенции, коишто се профитно ориентирани. Имае пролиферација на приватни институции, болници, на коишто интересот им е профит. Тоа се лесно докажливи работи, тоа е снимено на филм. Имаме докази дека одредени центри треба да се затворат од медицински аспект. Да се случува тоа во Англија или Америка тоа ќе биде под клуч. Оперирале без потреба, сечеле граден кош без потреба. Имаме докази за тоа – изјави д-р Кедев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До крајот на следната година „Амфенол“ ќе има 3700 вработени
Следна Статија Починал 39-годишен вработен во магацинот каде што работел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Кај нас нема мајмунски сипаници, запознаен сум со случајот во Косово, вели директорот на Инфективна Фадил Цана

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана во изјава за МИА вели дека во државава нема простор за…

December 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

Истражување: Ковид-пандемијата му наштети на здравјето на мозокот, дури и кај незаразени луѓе

Пандемијата на Ковид-19 била штетна за здравјето на мозокот, дури и кај луѓе кои никогаш не биле заразени, открива нова…

August 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Внимание трудници: Овие 3 овошја можат да бидат ризични во бременоста

Овошјето важи за симбол на здравјето – полно витамини, минерали и природни шеќери. Но, кога сте бремени, не е секое…

June 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?