Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерството за здравство се огласи во врска со „извозот на мозоци“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Министерството за здравство се огласи во врска со „извозот на мозоци“
ЗДРАВЈЕ

Министерството за здравство се огласи во врска со „извозот на мозоци“

Објавено February 3, 2026 15:46
Сподели
Сподели

Министерството за здравство преку соопштение се огласи во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ.

Од МЗ потенцираат дека Министерството нема директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност.

-Од Медицинскиот факултет сме информирани дека научно-истражувачката работа која е поврзана со биолошки материјал кој во себе содржи генетски карактеристики е предмет на ригорозно нормативно регулирање, како што е Закон за научно истражувачка дејност, Правилник за клинички испитување, Упатство за начинот на постапување при трансфер и транспорт на биолошки материјали, како и начинот на пакување и обележување биолошки материјали.

Дополнително потенцираме дека во посочениот временски период законската обврска за чување на оваа документација била 15 години, а од 2018 наваму законската обврска за чување на документацијата е 25 години.

Постапката за транспорт на ткива во тој временски период се состоела од: Информирана согласност на семејството, по што следувала одлука од Етичка комисија за истражување кај луѓе, за постапката да продолжи со дозвола за извоз на ткива од тогашно Биро за лекови, во кое прецизно се наведува дека ткивото е за научноистражувачка дејност и за кои цели се користи материјалот.

Дополнително појаснуваме дека кога се работи за извоз на биолошки материјал, пред да отпочне самата постапка, потребно е меѓу научните институции во земјава и странство, кои бараат одобрени за извоз на биолошки материјал, да постои склучен формален договор (меморандум), каде се наведени и прецизирани детални протоколи согласно денешната регулатива и нормативна рамка – строго определени услови каде се прецизно се третира секое постапување со биолошкиот материјал, како и зошто се спроведува истражувањето, децидно да биде наведено постапувањето со биолошкиот материјал, како што се земањето, транспортот, примањето од установата и натамошното постапување, се наведува во соопштението на Министерството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски и Тошковски со одлични вести за транспортерите
Следна Статија Камбовски: Судскиот совет разгледува предмети во кои постапувал судијата Ристов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат…

August 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во Македонија недостигаат 6.000 медицински сестри

Недостатокот на медицински сестри станува сè поалармантен, при што околу 6.000 медицински сестри недостасуваат од болниците низ целата земја, на…

October 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Кратат на храна за да купат цигари: Македонија шампион во Европа по бројот на пушачи

Граѓаните кратат на храна, облека, здравје, домување и многу други основни потреби за да можат да купат цигари. Речиси половина…

December 16, 2024
ЗДРАВЈЕ

Овој здравствен систем има недостатоци, ама испорачува, изјави директорот на Фондот Сашо Клековски

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска одбележа 25 години од основањето. Директорот на Фондот Сашо Клековски во својата презентација истакна…

November 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?