Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерство за енергетика: Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Министерство за енергетика: Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина
ЕКОНОМИЈА

Министерство за енергетика: Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

Објавено May 14, 2025 18:09
Сподели
Сподели

Денес, во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика – системски, сеопфатен и реформски закон кој ги поставува темелите на новата енергетска политика на земјата. Со ова, Македонија конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на енергетиката, информираат од Министерството за енергетика.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на завршното обраќање пред пратениците нагласи: „Законот што денес го донесовме претставува визија за иднината и темел на нашата национална трансформација кон чиста, одржлива и праведна енергетска иднина. Ова е закон што создава можности, но и бара одговорност.“

Законот е подготвуван во широк, инклузивен процес кој опфати институции, експерти, бизнис сектор, оператори, регулаторот и други заинтересирани страни. Новиот Закон за енергетика е компатибилен со Реформската агенда за Западен Балкан и европските директиви, а содржи неколку клучни столбови: значајно зголемување на уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка; поголема енергетска ефикасност и намалување на загубите; отворен енергетски пазар во кој граѓаните стануваат активни чинители – производители, продавачи, членови на енергетски заедници.

Особено внимание е посветено на социјалната правда – законските решенија вклучуваат заштита на ранливите категории, поддршка за енергетска сиромаштија и фер пристап до енергија за сите.

Законот нуди стабилна, транспарентна и предвидлива рамка за домашни и странски инвеститори. Ги јакне капацитетите на регулаторот и операторите, создава услови за поголема интеграција со регионалните и европските енергетски мрежи, и овозможува нови инвестиции во соларни, ветерни и други обновливи извори, топлификација, гасификација, складишта и дигитализирана мрежна инфраструктура.

„Енергијата не е само моторот на економијата, таа е основа за квалитетен живот. Со овој закон ја отвораме вратата за една енергетски суверена, зелена и европска Македонија“, истакна министерката Божиновска.

Овој закон е повеќе од нормативен акт – тоа е патоказ за иднината. Шанса што, како што рече министерката, не смееме да ја пропуштиме. Министерството ќе продолжи активно и одговорно со имплементацијата на законот, со силен фокус на резултати што директно ќе се почувствуваат од страна на граѓаните и стопанството. Законот е усвоен – следува спроведување, се вели во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бектеши да оди во куќен притвор, бара Обвинителството
Следна Статија Таравари утре ќе поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Britanska брендот за снегулки Graze ќе биде продаден на Candy Kittens на Џејми Лајнг

Договорот доаѓа додека Unilever планира да се ослободи од некои прехранбени брендови за да се фокусира на нега и убавина.

December 3, 2025

Инфлацијата во Кина помала од очекуваното во јануари, додека дефлацијата на производните цени продолжува

Инфлацијата на потрошувачките цени во Кина порасна помалку од очекуваното во јануари, истовремено задржувајќи ја дефлацијата на производните цени.

February 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Преку дијалог да се надминат високите цени на производите, за да нема поголеми последици, порача Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски порача дека ги разбира граѓаните и го разбира нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради…

February 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто на годишно ниво споредбено со лани

Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави и оцени како одлична вест информацијата за раст на индустриското производство за март од 5,2%…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?