Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии
МАКЕДОНИЈА

Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии

Објавено October 29, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека големите количини пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и другите водотеци се последица на недоволното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини. Реакцијата следи по објавените видеа на кои се гледаат илјадници пластични шишиња што пловат по реката.

Од Министерството посочуваат дека во овие подрачја е забележано значително присуство на диви депонии на јавни површини, чие отстранување и контрола се во надлежност на општините и нивните инспекциски служби.

Како што информираат, Министерството и Државниот инспекторат за животна средина континуирано укажуваат преку ЗЕЛС на потребата од редовно следење на состојбите со управувањето со отпадот и зголемено присуство на општинските инспектори на терен.

Во моментов, Државниот инспекторат подготвува измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување единствен систем кој ќе овозможи поефикасна контрола и подобра координација во оваа област.

Министерството апелира до општините, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и активно делување во зачувувањето на чистотата на реките и водните текови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Фото) Трамп доби златна круна во Јужна Кореја
Следна Статија Комбе излета од автопат во Србија: едно дете загина, седум се повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кандидатот за градоначалник на Карпош: Подземните гаражи во Карпош мора да ја добијат својата намена

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, денеска преку социјалните мрежи најави дека подземните гаражи…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македон со нов златен медал – сега се подготвува за супер финале во Бугарија со најдобрите математичари од светот!

Чудото од дете Македон со нов златен медал – сега се подготвува за супер финале во Бугарија со најдобрите математичари…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејството на Фросина против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет

НЕ ЈА ИНСТРУМЕНТАЛИЗИРАЈТЕ СМРТТА НА ФРОСИНА, порачува семејството на девојката која почина откако ја удри автомобил на „Партизанска“. Тие го…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Во периодот кој следи ќе се проверуваат и други објекти, а во врска со акцијата за заплена на огромна количина…

February 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?