Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миноски: Економски раст за сите (инклузивен економски раст)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Миноски: Економски раст за сите (инклузивен економски раст)
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Економски раст за сите (инклузивен економски раст)

Објавено May 31, 2025 09:13
Сподели
Сподели

„Економија што расте, но не ги споделува придобивките од тој раст, не е само неправедна – таа е и нестабилна.“

— Џозеф Стиглиц, Нобеловец и економист

Овој цитат од познатиот економист ја доловува суштината на економскиот раст. Иако економскиот раст, најчесто мерен преку порастот на бруто-домашниот производ (БДП), се користи како еден од главните индикатори за напредок на едно општество, тој не значи автоматски и подобрување на животниот стандард на населението пишува поранешниот министер за финансии Кирил Миноски.

Постојат бројни примери на економии ширум светот кои со години бележат високи стапки на економски раст, но истовремено кај нив се продлабочуваат социјалните нееднаквости, а сиромаштијата останува на исто ниво или дури расте. Главната причина за оваа состојба е нееднаквата распределба на придобивките од економскиот раст – богатството се концентрира кај мал број луѓе, додека мнозинството останува на маргините.

Затоа клучното прашање денес е токму инклузивниот економски раст односно економски раст што ќе донесе придобивки за сите граѓани, бидејќи нееднаквоста не е само морално, туку и економско прашање – таа влијае на долгорочната стабилност на економијата. Инклузивниот раст подразбира, пред сè, правична распределба на плодовите од економскиот раст, намалување на социјалните и регионалните разлики, еднакви можности за пристап до образование, здравство и пазар на труд, вклучување на маргинализираните групи во економските текови, намалување на корупцијата и владеење на правото.

Македонија, со просечна годишна стапка на раст на БДП од околу 2,2% во изминатите децении и БДП по жител од околу 8.500 евра, има потреба од забрзан економски раст, но и од нов економски модел затоа што постојниот не дава резултати. Модел кој наместо да нè задржува на дното на Европа, со неефикасни институции, широко распространета корупција и сиромаштија, ќе обезбеди напредок и заеднички просперитет. Затоа секогаш кога ќе се обезбеди економскиот раст, треба да се води сметка придобивките од него да ги почувствуваат сите граѓани – не само една мала група. која ќе гледа на државата како на сопствена приватни фирма од која ќе остварува профит, а кој во најголем дел ќе заврши надвор од границите на земјата смета Миноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Згаснаа ли 14 животи поради провизии? ВМРО-ДПМНЕ најави серија прес-конференции за модуларната болница во Тетово
Следна Статија (Фото) Грешка во Google Maps предизвика сообраќаeн хаос во Германија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ѓорѓиевски за проектот градски воз: Ќе бидеме целосно логистички вклучени во овој процес

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски се обрати при извршениот увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз. -Сакам…

November 7, 2025

Американските акции постигнаа рекордни нивоа додека инвеститорите преминуваат од технолошки сектор

Иако темата за вештачката интелигенција се доведува под прашање, другите сектори добро функционираат врз основа на отпорната американска економија и…

December 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо

Владата одлучи да ги ограничи маржите во трговијата на мало за 10 проценти и за исто толку проценти во трговијата…

February 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Групацијата Прада официјално го купи Версаче за 1,25 милијарди евра

Групацијата Прада денеска објави дека по шест месеци чекање за регулаторно одобрување, го купила Версаче, а тој договор е вреден…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?