Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миноски: Морална вертикала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Миноски: Морална вертикала
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Морална вертикала

Објавено July 27, 2025 09:48
Сподели
Сподели

Во општество каде што честа и доследноста се сметаат за слабост, а цинизмот и полтронството за билет до јавната сцена и до привилегиите, терминот „морална вертикала“ станува ироничен опис за оние кај кои совеста не постои, а постапките се водат исклучиво според народната „како ветерот ќе дувне“, пишува Кирил Миноски.

Сведоци сме на длабока морална ерозија, каде што „сончогледите“ – луѓето што целиот свој јавен ангажман го градат префрлајќи се од една власт на друга – станаа главните носители на јавниот дискурс. Денес го бранат она што вчера го демонизираа, а утре ќе се колнат во нешто трето. Единствената константа е нивната блискост до моќта.

Иронијата е уште поголема кога токму тие кои до вчера беа најгласни критичари на една политика, денес стануваат нејзини најгласни бранители. Од самопрогласени чувари на вистината и бранители на државата, се претворија во мегафони на моќта. Денес, преку нив се пакува и продава она што политиката сака да го нарече „јавен интерес“.

Но овој парадокс не зборува само за нивната лична недоследност и недостаток на ‘рбет. Тој уште погласно сведочи за општеството и за оние што ги толерираат и прифаќаат ваквите рециклирани ликови – со што трајно ги уништуваат вредностите на сегашните и идните генерации, преку настојувањето да се заборави нивната двојна игра.

Моралната вертикала кај нас одамна лежи хоризонтално – како банкомат што не брои доблест, туку само пари и верност кон газдата.

Вистинската трагедија не се тие – тие одамна ја изгубиле својата совест. Вистинската трагедија е што јавноста сè уште им дава тежина, простор и релевантност.

А народот, заробен во медиумска магла, сè поретко се прашува:
Кој навистина ја застапува вистината, а кој само се продава на највисока понуда?, се прашува Миноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Nokia се враќа на пазарот на телефони?
Следна Статија Норвешки град има еден од најголемите подземни системи за отпад во светот (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер од САД во остварување на вашите цели

Нема поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД и знам дека тоа беше повторено и на…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Да бидеме сплотени и обединети како заедница и држава, порача Давкова во честитката за Рамазан Бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед и до поглаварот…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

По Берберските овци, угина и мајмун во скопската Зоолошка

По смрта на седумте Берберски овци, во скопската Зоолошјка починал и мајмун од расата патас.  Од Зоолошката соопштија дека инспектор…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Свадба во струмичкиот затвор

Во КПУ Затворот Струмица денес се реализираше значаен и хуман настан – законска регистрација на осудено лице кое моментално издржува…

August 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?