Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минчев: 40 проценти од административците – или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Минчев: 40 проценти од административците – или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа
МАКЕДОНИЈА

Минчев: 40 проценти од административците – или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа

Објавено July 2, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Министерот за јавна администрација, Горан  Минчев, денеска ги презентираше клучните резултати и реформски потези. Тие според него  ја поставиле основата на новата култура на управување во јавниот сектор.

– Формирањето на Министерството за јавна администрација не беше бирократски потег. Тоа беше политичка порака. Порака дека веќе нема место за партиски вработувања, за нефункционални институции, за тајни договори и за неучење, изјави Минчев, нагласувајќи дека јавната администрација повеќе не смее да биде „заштитена зона за привилегирани поединци“, туку сервис на граѓаните.

Од клучните преземени мерки тој ги издвои корекцијата на Балансерот. Односно методологијата за пресметка на етничката застапеност во јавниот сектор.

-Пресметката ја усогласивме согласно тогашниот актуелен Закон, врз база на реалната резидентна популација, а не по дотогашната пресметка на нерезидентно население, објасни Минчев.

Тој притоа соопшти дека дури 40 проценти од административците – или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа.

-Тоа е мислам горе доле исто во сите институции. Една групација од 25, 30 отсто која го носи товарот на инстутуцијата и работи нон стоп. Втората групација од некаде 25 до 30 отсто која е вклучена во процесот но не го дава максимумот и третата групација која е 40 проценти и ерезултат на партиски етнички роднински вработувања и не работи ништо или се обидува да не дојде на работа. Овие кои што не работат сакаме да ги вратиме во процесот, да ги едуцираме, да ги обучиме по нивна волја демократски да одберат каде да дадат допринос. Што значи нема веќе плата ако не работиш, порача Минчев – нешто чуено повеќепати досега, а не се применува.

Прашан за оптимизацијата на бројот на вработени во администрацијата, Минчев одговори дека поради висината на платата, се помал е интересот за вработување во неа.

-Поради висината на платата, за која мораме да кажеме дека е несоодветна и мала, се соочуваме со тоа да нема интерес за вработување на млади во јавната администрација. Просекот на возраст е голем и се соочуваме со недостиг на кадар така што ќе дојдеме во ситуација во наредните 5 до 10 години да нема кој да работи, рече Минчев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од Кочани до Скопје -транспортиран предметот за „Пулс“
Следна Статија Шон Диди Комбс е прогласен виновен за проституција, а ослободен за сексуална трговија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЗНМ реагира на однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска

Правото на слободно поставување прашања и критичко известување на новинарите е неотуѓиво и суштинско за функционирањето на едно демократско општество,…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан

Состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан посветен на напорите за забрзување на спроведувањето на Планот за раст на…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово 7-ми во светот со најзагаден воздух

Утрово во главниот град воздухот е опасен за дишење. е се најде како 7-ми град во светот во непопуларната ранг…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството отвори предмет за транспорт на мозоци во САД

Јавното обвинителство на Република Македонија оформи предмет по информациите во јавноста поврзани со транспорт на мозоци од починати лица во…

February 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?