Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мирен марш во Кочани: „Правда за хероите“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мирен марш во Кочани: „Правда за хероите“
МАКЕДОНИЈА

Мирен марш во Кочани: „Правда за хероите“

Објавено April 4, 2025 20:10
Сподели
Сподели

Неколку стотици кочанчани попладнево, како и изминатите денови, одржаа мирен протестен марш, барајќи правда за обезбедувачите од дискотеката „Пулс“ кои се осомничени за трагичниот пожар во кој загинаа 60 млади луѓе.

Поворката, во која беа и роднини на дел од загинатите и повредените, во тишина помина низ градските улици. Организаторите бараат да се преиспита наводната вина на обезбедувачите, кои според бројни сведоштва, кобната ноќ спасиле многу животи.

За утре, пак, во Кочани е најавен „Марш на ангелите“, на кои роднините на настраданите ќе побараат правда за нивните блиски кои трагично загинаа. Според најавата, протестниот марш ќе започне од Градскиот парк и ќе се движи кон Трговскиот центар, зградата на Општина Кочани, полицијата и ќе заврши пред Основниот суд и обвинителството во Кочани.

„Ве известуваме дека маршот е единствено организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани, не е за поддршка на обезбедувањето и ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат маршот и неговата реализација“, соопштија организаторите на тој настан.

„Сакаме јасно да потенцираме дека ние сме согласни да се врши снимање на настанот со цел јавноста да знае дека за правдата на нашите деца ќе се бориме до крај и нема да застанеме ниту за момент“, додаваат тие.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Би-би-си: Ова е крај на ерата на евтини стоки за Американците
Следна Статија Лажирале развод поради данок: Не сакале да платат 700.000 евра, ама ги фатиле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се помалку бракови, се повеќе разводи

Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, а истовремено опаѓа и бројот на новосклучени бракови и раѓања, покажуваат најновите податоци на…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Водокрст – навечерие на Богојавление

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува…

January 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ни Башановиќ не може да го спаси СДСМ

Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да…

March 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?