ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е некаде 3:1 има општини каде што е 6:1, 7:1, а има општина каде шро разликата е 10:1, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој потенцира дека во некои општини СДСМ е трета партија.
-Досега се одбраа градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Петровец, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, Аеродром, Јагуновце, Вевчани и во многу други, потенцира Мисајловски.
Гласовите се пребројуваат, а резултатите укажуваат на водство. На прогот сме на убедлива победа во Струмица, рече Мисајловски.
Тој додаде дека Орце води убедливо за Град Скопје, додека бројките ги собираат и мора да бидат прецизни.