Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мисајловски: Македонската Армија е НАТО Армија – 33 години напредок, безбедност и сигурност на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски: Македонската Армија е НАТО Армија – 33 години напредок, безбедност и сигурност на граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Македонската Армија е НАТО Армија – 33 години напредок, безбедност и сигурност на граѓаните

Објавено August 18, 2025 12:25
Сподели
Сподели

Армијата на Македонија денеска, на 18 август, одбележува 33 години од формирањето. Централната свеченост се одржува во касарната „Јане Сандански“ каде присуствува државно-воениот врв.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во своето обраќање истакна дека денешниот роденден на АРМ значи 33 години напредок, безбедност и сигурност на граѓаните. Тој им се заблагодари на сите мажи и жени во униформа и сите вработените во одбраната, за тоа што денес, како што истакна, сме организирана, високопрофесионална, исклучително почитувана Армија.

Вие сте олицетворение на вековниот стремеж за самостојност и независност, затоа што одговорноста за суверена Македонија е ваша. Давате и продолжувате да давате се’ од себе за армијата и одбраната на продолжат да се движат напред и тоа го почитувам и го вреднувам. Столбовите на кои ја градиме Армијата и одбранбените сили стојат цврсто. Буџетирањето на одбраната е на високо ниво и така ќе продолжиме. Силно сме посветени да ја зајакнеме нашата одбрана со исполнување на заложбите за инвестиции во одбранбените ресурси согласно одлуките од Самитот на НАТО. Инвестициите во одбраната ги гледаме на дело, средствата кои граѓаните ги вложуваат во нашата одбрана ги инвестираме плански и домаќински. Резултатот го гледаме пред нас, во новите лесни оклопни инженјерски возила, во новите артилериски орудија, во нова напредна Армија која ни овозможува да кажеме, македонската Армија е НАТО Армија – посочи Мисајловски.

Министерот додаде дека пред само неколку дена пристигнаа 29 нови лесни оклопни возила од американско производство, а се работи постојано на дополнително опремување и вооружување на Армија преку нови униформи, нови воени средства, како и опрема за сајбер одбрана, специјални возила за посебни намени…., но и набавката на хеликоптери.

Армијата ја градиме преку одличните билатерални односи со нашите сојузници, посебено со САД, кои се поддржуваат во континуитет со сериозни финансиски средства. Обединетото кралство не’ поддржи со индивидуална опрема, а со Турција склучивме договори за набавка на околу 4.000 комплети борбена униформа кои очекуваме да пристигнат веќе во септември, а во доплнителна постапка и процес сме и за околу 3.400 пара и уште нови 1.800 комплети борбена униформа. Со поддршка од околу 38 милиони евра од Европскиот мировен фонд, склучивме договор за набавка на медицински возила, инжениерски машини, дозери, натоварувачи, робот за уништување на неексплодирани средства, влечни возови и многу друга опрема – посочи министерот за одбрана.

Мисајловски нагласи дека во финална фаза е приемот на 300 нови професионални војници.

Македонската одбрана инвестира во развојот, се опремува и модернизира и многу важно се подмладува и пополнува. Тоа е гарант дека нашата сила и способност да бидеме темел на државата денес ќе биде реалност и во иднина, потенцираше министерот за одбрана на свеченоста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Девет загинати во руските напади врз Украина ноќеска, меѓу нив и деца
Следна Статија Поевтинуваат бензините и дизелот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на Владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко

Денеска во владата се одржа седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам. Во прилог интегрален…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Максимално се работи на решавање на случаите со запалените автомобили

Верувајте работиме максимално на расчистување на случаите со запалените автомобили, изјави денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Отфрлена тужбата на Левица против АВМУ

Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица со која политичката партија побара поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Спроведување на електронски попис ќе биде предизвик

Првиот предизвик за спроведување електронски попис е дека нема да има вистинска мапа на населението, односно нема луѓето да бидат…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?