Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мисајловски: Македонскиот народ не беше нем сведок – беше активен борец, нашите предци ги дадоа своите животи за слобода, за правда, за иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски: Македонскиот народ не беше нем сведок – беше активен борец, нашите предци ги дадоа своите животи за слобода, за правда, за иднина
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Македонскиот народ не беше нем сведок – беше активен борец, нашите предци ги дадоа своите животи за слобода, за правда, за иднина

Објавено May 9, 2025 12:51
Сподели
Сподели

Денеска, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот положивме венец со свежо цвеќе во чест на македонските партизани кои својот живот го положија за слободна Македонија., напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Се сеќаваме на храбрите што застанаа против фашизмот. Им оддаваме почит на сите што ја платија слободата со својот живот. Македонскиот народ не беше нем сведок – беше активен борец. Нашите предци ги дадоа своите животи за слобода, за правда, за иднина. Нека им е вечна славата на борците и нашите херои. 9 Мај е Денот на победата над фашизмот – ден кога човештвото избра отпор наместо покорност. Но и Денот на Европа – ден кога се роди идејата за заедништво, соработка и иднина. Денот кога ја славиме идејата за обединета, мирољубива и просперитетна Европа, изградена врз вредностите на солидарност, еднаквост и демократија. Нека не потсети овој ден колку е важно да ги чуваме мирот, слободата и човековите права. Историјата не смее да се заборави – таа е поука и обврска, истакна министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова потенцијална инвестиција во Македонија вредна 25 милиони евра
Следна Статија Цената на биткоинот надмина 103.000 долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот

Додека светот е потресен од војни, насилство и нестабилност, Институтот за економија и мир го објави најновиот Глобален индекс на…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје вчера беше трет најтопол град во Европа

Скопје вчера се најде на третото место на листата на најтопли градови во Европа, со измерени 41,7 степени Целзиусови во…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Плаколм: Напредните кандидати како Македонија треба да добијат пристап до програмите на ЕУ

За австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм, на земјите од Западниот Балкан кои постигнале значителен напредок, како…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава

Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Шохеј…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?