Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8%, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Митева: Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8%, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра
ЕКОНОМИЈА

Митева: Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8%, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра

Објавено March 6, 2025 14:14
Сподели
Сподели

Од првиот ден, нашата Влада е посветена на градење силна, стабилна и просперитетна економија, економија која дава реални резултати за нашите граѓани и бизниси. По години стагнација, неизвесност и пропуштени можности, поставивме нов курс, курс на раст, инвестиции и економска експанзија. Затоа со задоволство презентираме конкретни докази и ги повториме извонредните економски достигнувања кои ја нагласуваат силната и издржлива траекторија на раст на Македонија, истакна на денешната прес конференција портпаролката на владата Марија Митева.

Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 3,2% во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8%. Овие бројки ги одразуваат стабилните економски перформанси, поттикнати од стратешките политики, подобрените деловни услови и континуираните инвестиции во клучните сектори.

Би сакала да ги потенцирам главни фактори поради кои имаме раст на БДП.

Станува збор за раст во секторот градежништво, значителен раст од (13,2%) во овој сектор ги потврдува зголемените инвестиции и активност во инфраструктурни проекти. Повеќе јавни и приватни инвестиции, придонесуваат за зголемена активност во градежниот сектор, кој стана водечка индустрија за раст на БДП.

Го имаме и зголемениот пораст во стручни, научни и технички дејности, овој сектор пак се покажа како еден од клучните двигатели на економијата, во контекст на зголеменото внимание на иновациите, технолошкиот напредок и дигитализацијата, што директно влијае на продуктивноста и конкурентноста на македонската економија каде има пораст од 10,6%.

Подеднакво значајна вест е што 2024 година веќе постави историска пресвртница во странските директни инвестиции кои достигнаа 1милијарди и 255 милиони евра, највисока сума во историјата на Македонија. Овој извонреден прилив на инвестиции е јасен доказ за довербата што ја имаат меѓународните инвеститори во нашата економија и нејзиниот иден потенцијал.

Мораме да потенцираме дека како Влада сме спремни да ги видиме резултатите коишто ќе се однесуваат од првиот до последниот квартал 2025 година, а ќе бидат резултат на политиките на оваа Влада.

Овие резултати потврдуваат дека Македонија е на вистинскиот пат. Остануваме посветени на поттикнување на динамично економско опкружување, поддршка на бизнисите и создавање нови можности за раст и просперитет, потенцираше Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови
Следна Статија Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вработените во Железници излегоа на протест

Машинскиот извршен персонал од денеска од 13 часот стапи во бојкот што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но…

December 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Не смее сметките да се зголемени заради нередовно читање на броилата, државата има механизам како да се заштити и ќе се заштити, вели Мицкоски

Упатив многу јасна порака кон ЕВН дека не смее да се случува сметките за потрошена електрична енергија на граѓаните да…

March 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Ја поздравувам одлуката на РКЕ за незначително покачување на цената на струјата за домаќинствата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во пишана изјава за медиумите ја поздравува одлуката и, како што…

December 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Цената на златото достигна нов рекорд: Банкар од Дојче Банк вели дека тоа е знак дека нешто се крие

Цената на златото на светскиот пазар достигна нов рекорд, што обично се случува кога инвеститорите се исплашени и бараат ново…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?