Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Добивме донација на уреди за филтрација на воздухот во вредност од 1.000.000 евра, ќе бидат распределени во градинките, училиштата и болниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: Добивме донација на уреди за филтрација на воздухот во вредност од 1.000.000 евра, ќе бидат распределени во градинките, училиштата и болниците
МАКЕДОНИЈА

Митева: Добивме донација на уреди за филтрација на воздухот во вредност од 1.000.000 евра, ќе бидат распределени во градинките, училиштата и болниците

Објавено February 19, 2025 13:49
Сподели
Сподели

Денес и формално, Владата потпиша договор за донација на 255 системи за филтрација на воздух со ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, компанија лидер во областа на филтрација на воздухот во вредност од 1.000.000 евра. Овие уреди, кои ги донира ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, како долгогодишен партнер на реномираниот германски производител MANN & HUMMEL ќе бидат распределени во градинки, училишта, болници и други критични јавни установи, каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење, информира Марија Митева, портпаролка во Владата.

Загадувањето на воздухот останува еден од најсериозните еколошки и здравствени предизвици во Македонија. Во контекст на напорите на Владата во преземањето значајни мерки за намалувањето на загадувањето на воздухот преку капитални проекти, како Влада активно работиме на долгорочни стратегии и решенија за намалување на загадувањето, преку инвестиции во одржливи енергетски решенија, зголемена контрола на емисиите и поддршка на зелени технологии. Сепак, додека спроведувањето на овие мерки бара време, ваквите брзи и ефикасни донации од приватниот сектор се од суштинско значење за заштита пред се на здравјето на граѓаните. Сепак, успехот во оваа област зависи од заедничките напори на сите сектори. Затоа како Влада особено го истакнуваме значајниот придонес на приватниот сектор, како што е оваа донација од 255 системи за филтрација на воздухот во вредност од 1 милион евра“, посочува Митева и додава:

Дозволете ми дополнително, во име на Владата да истакнам дека безрезервно ја цениме и посетата на претставниците на реномираниот производител MANN & HUMMEL, кои заедно со тимовите од Владата и ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје ќе продолжат да ги разгледуваат можностите за понатамошна соработка во рамките на долгорочни и можности за дополнителни одржливи решенија. Се надеваме дека овој пример ќе послужи како инспирација за други компании да се вклучат да придонесат во заедничката борба за почист воздух и се разбира поздраво општество. Ние како Влада остануваме и понатаму посветени при преземање на активности против аерозагадувањето.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Нема да одиме против препораките на УНЕСКО, сите прашања ќе ги отвориме на средба во март
Следна Статија Меџити: Се зборува дека Груби е во Албанија, Ахмети е во постојан контакт со него

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од Обвинителството не сум задоволен, сите поврзани со „Пулс“ треба да бидат изнесени пред лицето на правдата

Секој оној, кој на било каков начин и во било каква форма има поврзаност со случајот во Кочaни треба да биде изведен…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Фатен препишувач на полагањето матура, си го стопира времето зацела една година

Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура. Дел од учениците…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

Нема да има реконструкција на Владата, туку само смена на министри, информираат од Владата за МИА по синоќешната изјава на…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Изумот на Борис Секирарски спасува животи при поплави и пожари, а државата 8 години е незаинтересирана

Македонија со години има на располагање систем кој навреме алармира за опасност од поплави, но и дава корисни и навремени информации…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?