Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева и Лефков: Направивме увид на одморалиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева и Лефков: Направивме увид на одморалиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар
МАКЕДОНИЈА

Митева и Лефков: Направивме увид на одморалиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

Објавено June 15, 2025 16:57
Сподели
Сподели

Портпаролката на Владата, Марија Митева и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, извршија увид во одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе биде ставено во функција како рехабилитациски центар. Тие посочија дека во тек се финалните подготовки како системско уредување и опремување на просторот со социјални и едукативни содржини, со цел да се обезбедат оптимални услови за третман и целосно опоравување на повредените од Кочани.

,,Денеска во рамки на посетата на општина Кочани заедно со Миле направивме обиколка на одморалиштето на Пониква. Навистина можам да кажам дека финалните подготовки се во тек. Очекуваме веќе следната недела сите активности кои што се потребни да бидат завршени се со цел да обезбедиме максимално добра грижа за оние кои ќе ја посетуваат оваа рехабилитација. Целта е да дадеме максимална поддршка се со цел да обезбедиме максимално добри услови за сите повредени“, рече Митева.

Лефков посочи дека одморалиштето на Пониква, кое се наоѓа на над 1600 метри надморска висина, ќе биде отстапено на Министерството за здравство за третман на оние кои им е најпотребно. Тој додаде дека се преземаат финални подготовки за уредување на просторот, вклучувајќи дезинфекција, поставување комарници и хуманизација преку социјални активности и едукативни материјали.

,,Одморалиштето на МВР е сметено на Пониква на над 1600 метри надморска висина, односно во она кое што се нарекува воздушна бања на Осоговските планини. Претставува идеално место за одмор и затоа ја поздравуваме одлуката да биде отстапено на Министерството за здравство за третман лекување на оние на кои што најмногу им е потребно. Направивме увид и гледаме дека потребни се да се преземат уште неколку чекори за да биде финализирано и завршено. Денеска во текот на денот ќе следи дезинфекција, дератизација и дезинскекција на целиот простор поставување на потребни комарници а ќе се обидеме во вторник да направиме една акција за конечна хуманизација на просторот, уредување со социјални игри, книги, учебници и некои други помагала кои што ќе го направат престојот уште попријатен“, истакна Лефков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривични за шестмина возачи за –„безобзирно управување со моторно возило“
Следна Статија Парадата на гордоста ќе се одржи на 21 јуни низ улиците во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка

Мислам дека за признавање на идентитетот и јазикот на земја кандидат за членство би требало да биде природна и непробелматична…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Деспотовски демантира дека е приведен

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски попладнево ги демантира објавите дека е приведен. „Во врска со информациите кои се појавија…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Еден вработен во ЗОО Скопје утре ќе се тестира за птичји грип

Еден од четворицата вработени во скопската Зоолошка градина веќе утре ќе биде тестиран за птичји грип бидејќи пред два дена…

October 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дивоградба во заштитената охридска чаршија доби фасада и покрај забраната

Објект изграден без дозвола во заштитеното градско јадро на Старата охридска чаршија, кој претходно беше предмет на вонредна контрола од…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?