Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Кочани беше тешка лекција и аларм за државата која предолго беше во длабок сон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: Кочани беше тешка лекција и аларм за државата која предолго беше во длабок сон
МАКЕДОНИЈА

Митева: Кочани беше тешка лекција и аларм за државата која предолго беше во длабок сон

Објавено March 18, 2026 10:38
Сподели
Сподели

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше Марија Митева член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата на Република Македонија, која истакна дека несреќата во Кочани е силен аларм за државата поради системот кој предолго време бил во длабок сон и посочи дека системот треба да функционира и покрај промените на власта со цел да се воспостават принципи и доследно да функционираат во иднина.

„Кочани беше една тешка лекција за сите и еден силен аларм за државата, зошто системот беше предолго време во длабок сон, работата не е завршена но системот и будењето на системот е една страна, но поважно за мене е функционирањето на системот, којшто кога ќе го изградите треба да продолжи да функционира, да престане да се руши со промените на власта и да биде еден систем којшто кога ќе ги воспоставите принципите, ќе функционира доследно во иднина“, рече Митева.

Митева посочи дека биле спроведени инспекциски надзори и дека е направена сеопфатна анализа на сите институционални слабости истакнувајќи дека контролите и надзорите се клучни за да нема состојби на злоупотреба во државата.

„Со спроведените инспекциски надзори во 2025 година, имаме само седум активни лиценци, спроведени 4.000 инспекциски надзори, над 1.700 прекршочни платни налози, 162 решенија за забрана за вршење на привремена дејност, само една година претходно 2024 драстично помали бројки. Институциите имаат меѓуресорска координација, овој случај отвори прашања чива е надлежноста, кој го дал соодветниот документ. Контролата е реална затоа што кога бројките го потврдуваат тоа имате намален број на проблеми, ризикот е помал во ваква ситуација затоа што колку повеќе имате контроли и надзори толку е помала веројатноста дека ќе имате состојби на злоупотреба“, истакна Митева и додаде:

„Новите раководства на институциите направија една сеопфатна анализа на сите тие институционални слабости и не беше реакција само по трагедијата туку беше еден континуиран пристап којшто го даваме изминативе 365 дена и за којшто ќе продолжиме да го даваме“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, а со години не оделе на работа
Следна Статија Фондацијата „Илија Камчев“ донира 300.000 евра за уредување на кејот во Марена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дури и комесарката за проширување признава дека и да го смениме Уставот, Бугарија може пак да блокира

Никој не може да и даде гаранции на Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски со лидерите од Западен Балкан на Самит за проширување на ЕУ во Брисел

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз,…

November 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

Министерството за образование и наука во реакција на прес-конференцијата на СДСМ наведува дека системски го решило прашањето со набавка и…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во…

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?