Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот
МАКЕДОНИЈА

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

Објавено August 20, 2025 13:26
Сподели
Сподели

Владата од наследените осум активни арбитражни постапки, со одговорен и ефикасен однос успешно заврши три во полза на Македонија со што е направена заштеда на Буџетот од 516 милиони евра, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева.

Покрај добиениот арбитражен спор со дел од инвеститорите од рудникот „Казандол“ во Валандово со што се заштедени 115 милони евра, за кој Владата соопшти вчера, Митева на прес-конференција посочи дека добиени се и постапките „Саса“ со вредност од 445 милиони и „Гама“ против Македонија од над пет милиони евра.

Кога сме кај лажните обвинувања од СДСМ дека оваа арбитражна постапка била добиена и завршена кога тие беа во Владата тогаш очекуваме одговор зошто во првата половина од април 2023 година во Виена се водени преговори за можна спогодба со Казандол, помеѓу претставници од Владата и на тужителите, за што потврда е дека оваа Влада има донесено одлука со што ја има одбиено предложената спогодба, рече Митева.

Покрај осумте наследени арбитражни постапки, од кои три се инвестициски, а пет трговски спорови, Митева посочи дека Владата наследила и најава за опомена на тужби за најмалку уште четири, а вкупната потенцијална штета изнесувала 865 милиони евра.

Овој податок говори за неодговорниот однос на претходната влада, која со свооите постапки ги доведе во ризик Буџетот на државата и меѓународниот углед, рече Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јачмен за борба против холестеролот
Следна Статија Мицкоски за добиената арбитража за „Казандол“: Нема да има отворање на рудникот, прашање е како порано се губеле арбитражите!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кај 70 до 80% од објектите воочени огромни неправилности

Кај 70-80 отсто од угостителските објекти имало огромни неправилности. Владата крои акциски план за да прогласи мораториум за да се…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” зборуваше за неговото физичко следење од страна на…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Делото на Кирил и Методиј е историско и цивилизациско наследство

Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои…

May 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, вели Гаши

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?