Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митески: Го исчистивме целото ѓубре и во Дрисла депониравме 600 тони отпад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Митески: Го исчистивме целото ѓубре и во Дрисла депониравме 600 тони отпад
ПОЛИТИКА

Митески: Го исчистивме целото ѓубре и во Дрисла депониравме 600 тони отпад

Објавено October 28, 2025 08:46
Сподели
Сподели

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше кандидатот за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески, кој на самиот почеток дискутираше за актуелната тема денес, односно за приведувањето на директорот на Комунална хигиена како и раководителот во претпријатието, заради непостапувањето со ѓубрето во Скопје.

Митески истакна дека општина Аеродром со помош на околните општини во Скопје, успеала да го собере целиот отпад во Аеродром, и дека повеќе од 600 тони отпад биле депонирани во Дрисла.

Денес она што го гледаме како исход на кривичната пријава којашто е поднесена токму од страна на општина Аеродром, и од мене како градоначалник против одговорните лица во Комунална хигиена Скопје, само ја потврдува тезата којашто ја говоревме во изминатиот период, дека ние како граѓани плаќаме во Комунална хигиена меѓутоа не ја добиваме услугата којашто треба да ја испорача. Во текот на изминатава недела како општина со помош на околните општини од градот Скопје, Илинден, Зелениково, Сопиште, Петровец, успеавме да го собереме целиот отпад којшто се наоѓаше покрај контејнерите, повеќе од 600 тони отпад депониравме во депонијата Дрисла“, рече Митески.

Тој објасни дека општина Аеродром ангажирала соодветна механизација од околните општини, со цел сметот да не остане на улиците, како резултат на непостапувањето и нефункционирањето на Комунална хигиена.

Моравме интервентно да преземеме чекор да го исчистиме оној отпад којшто се создаде а не беше собран повеќе од 10 дена од страна на Комунална хигиена. Во изминатиот период ние ангажиравме механизација од околни градови, поради  нефункционирањето на Комунална хигиена, се со цел да не го оставиме сметот на улиците, туку да го собереме. Ова е последица на непостапувањето на јавното претпријатие, и како општина и како институција нема да дозволиме да останеме нем сведок на она што се случува, прв бев што поднесов кривична пријава по која денеска постапува обвинителството“, објасни Митески.

Тој посочи дека поради неизвршувањето на обврските од страна на претпријатието, општината нашла соодветни алтернативни начини за решавање на проблемот со отпадот.

Ако оној чиј примарна цел тоа да го врши, оној на којшто му плаќаме сите ние, не го врши, тогаш ние мора да се снаоѓаме со алтернативни начини. Меѓутоа мора да знаеме дека тоа општината ја чини дополнителни пари, едно собирање отпад во изминативе денови и депонирање во Дрисла, кошташе повеќе од 50 илјади евра дневно, тоа се пари коишто наместо да бидат наменети за потреби на граѓаните, ние ги трошевме за собирање на отпад, работа за којашто Комунална хигиена Скопје наплаќа“, рече Митески.

На крај Митески се осврна на темата за вториот круг на локалните избори и посочи дека СДС станува трета партија, и дека граѓаните ќе ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ.

Добивме како ВМРО-ДПМНЕ најголема поддршка на овие локални избори во Аеродром со огромна предност пред останатите политички партии, мене навистина ми е жал што СДСМ веќе е и трета партија, во Советот на општина Аеродром добивме мнозинство со 15 советници, а бројот на советници на СДСМ падна на 5, тоа значи дека и тука ја губат поддршката од страна на гласачите и верувам дека уште еднаш ќе се потврди онаа разлика којашто ја имавме во првиот круг, со сериозна можност за зголемување на разликата, имајќи предвид дека граѓаните се повеќе препознаваат и даваат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на мене како градоначалник, она што го работиме го работиме во интерес на граѓаните“, дециден е Митески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прв лет Скопје-Мадрид
Следна Статија Интервју на Орце Ѓорѓиевски за МКД.мк: Мојата програма за Скопје е издржана и реална

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Василевска: Македонија ќе биде пример за реформи

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ја партијата за лицемерство…

June 28, 2026
ПОЛИТИКА

Гаши против скандирањата во Куманово: Да застанеме заедно против омразата

Собранискиот спикер Африм Гаши го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово во саботата, кого неколкумина присутни во спортската сала…

August 4, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ да го праша Филипче како му е на јахтата, пред да зборува за стандардот, реагираат ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Венко Филипче…

August 17, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Сите ќе јадеме корења, а претставници од Владата со владин авион ќе одат на море

„Додека пола Влада на ВМРО-ДПМНЕ има бугарски односно европски пасоши, сите други во државата сега треба да чекаат со децении…

June 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?