Михаел Шумахер повеќе не може ниту да зборува

- Advertisement -

Германскиот новинар Феликс Горнер објави детали за состојбата на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер.

Горнер, кој со години ја следи здравствената состојба на Шумахер, открива дека тој е во сериозна ситуација и целосно е зависен од лицата кои се грижат за него, а воедно загрижува и тоа што повеќе не може да зборува.

„Ситуацијата е многу тажна. На Михаел му е потребна постојана нега и целосно зависи од неговите негуватели“, открива Горнер.

Шумахер се здоби со тешка повреда на главата на скијање во 2013 година, по што беше во вештачка кома и имаше неколку сложени операции.

Сподели ја оваа статија