Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Михајло Борозанов во „Бизнис-клуб“: Продуктивност, добра инфраструктура и инвестиции во образованието – клуч за просперитет на држават
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Михајло Борозанов во „Бизнис-клуб“: Продуктивност, добра инфраструктура и инвестиции во образованието – клуч за просперитет на држават
ЕКОНОМИЈА

Михајло Борозанов во „Бизнис-клуб“: Продуктивност, добра инфраструктура и инвестиции во образованието – клуч за просперитет на држават

Објавено October 16, 2025 18:32
Сподели
Сподели

Во втората сезона на поткастот „Бизнис-клуб“, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со м-р Михајло Борозанов, директор на Дирекцијата за финансии и член на Управниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје. Разговорот беше посветен на бизнис-условите за развој на македонската економија и на улогата на „Макпетрол“ АД Скопје, македонска компанија со 80-годишно постоење, како еден од столбовите на македонската економија.

Во разговорот м-р Борозанов изјави дека компанијата „Макпетрол“ АД е лидер на Балканот во енергетскиот сектор, функционира на солидна деловна основа, вработува повеќе од 2000 луѓе, поседува 127 малопродажни објекти и остварува годишен обрт од 500 до 600 милијарди евра, иако работи со мали маржи. Во фокусот на компанијата е квалитетот на производот и на услугите, преку доследно следење и почитување на стандардите.

М-р Михајло магистрирал Бизнис-администрација со специјализација по финансии на Дунавскиот универзитет во Кремс, Австрија. Неговото 20-годишно искуство во корпоративните финансии, стратегијата, менаџментот со ризици и дигитализацијата му овозможува успешно да ги извршува функциите директор на финансии и член на Управниот одбор во „Макпетрол“ АД Скопје. Според него, финансиската стратегија, дигиталната трансформација и современото корпоративно управување, меѓу кои и управувањето со ризици, се основата за создавање одржлива и глобално конкурентна економија.

Запрашан за бизнис-амбиентот, кој не е докрај поволен за создавање услови за повисоки профити и за зголемен извоз, што би довело до додадена вредност на производот и на услугите и би обезбедило добар и сигурен опстанок на државата и останување на младите во неа, м-р Борозанов нагласи:

„Потребно е зголемување на продуктивноста преку вложување во добра инфраструктура (железнички и патен сообраќај), силни инвестиции во образованието, знаењето и во практичните вештини, како и забрзана дигитализација со користење на потенцијалите на вештачката интелигенција.“

Целиот разговор може да се погледне на YouTube каналот на Стопанската комора

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Младата Месечина во Вага на 21 октомври носи драматични промени за 3 хороскопски знаци
Следна Статија Ги имате овие симптоми? Проверете дали имате недостаток на витамин Ц

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Фриленсерите не чекаат можности, туку ги создаваат

Третата меѓународна конференција за фриленсерство „Freelance is for Freedom”, во организација на Импакт Фондација, обедини повеќе од 200 фриленсери на…

October 18, 2025

Европските пазари се очекува да отворат во негативно подрачје пред кратка трговска недела

Следи претходна рекордна сесија во која индексот Stoxx 600 достигна 588.07 поени.

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Експретседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски, отвори консултантска фирма

Поранешниот претседател на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски влегува во приватниот сектор. На 6 мај почна со работа Друштвото со ограничена…

May 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Рударството мора да биде двигател на развојот – поддршка само за одговорни компании

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претседателот на Македонската асоцијација за рударство (МАР),…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?